Ивица Дачиќ во тешка состојба, лекарите се борат за неговиот живот – Вучиќ го посети утрово
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ е итно хоспитализиран во Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) на Србија, објави „Данас.рс“.
Дачиќ бил примен во УКЦ поради здравствени проблеми што ги имал во последните денови.
Пулмологот Спасоје Попевиќ изјави дека состојбата на Дачиќ е многу сериозна и дека тој се наоѓа на интензивна нега, на механичка вентилација, односно на респиратор.
- Има билатерална пневмонија,...
Вајц ќе го презентира нацрт извештајот за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи
Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц, денеска пред Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на државата, пренесува МИА.
Во годишниот нацрт-извештај Вајц, меѓу другото, наведува дека од суштинско значење за евроинтеграцијата на државата, особено во контекст на новата геополитичка реалност, е сите политички актери, особено Владата, да даваат опипливи...
Во спомен на Борис Трајковски – 22 години од трагедијата
Пред дваесет и две години, на 26 февруари, во Ротимље близу Мостар, во авионска несреќа животот го загубија поранешниот претседател Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски денеска ќе биде одбележана во Скопје, во неговата родна Струмица и во Ротимље.
Членови на семејствата, државни и други делегации ќе положат цвеќе на...
Албански полициски инспектор уапсен на преминот Мердаре со непријавени еден милион евра
Полициски инспектор од полициската станица Камза, заедно со уште две лица, бил приведен на граничниот премин „Мердаре“ при влез од Србија во Косово, откако кај нив биле пронајдени непријавени еден милион евра, пренесе МИА.
-Дирекцијата за професионални стандарди во државната полиција веднаш го суспендираше инспекторот Аурел Казиу, откако косовската страна извести дека тој вчера бил уапсен заедно со уште две...
Судска медицина потврди насилна смрт кај двете жени во случајот од Старо Нагоричане
Завршена е обдукцијата и на втората жена за која минатата недела обвинителството нареди ексхумација и судско-медицинска анализа во рамки на истрагата за убиството во Старо Нагоричане. Директорот на Институтот за судска медицина, проф. д-р Александар Станков, за МИА изјави дека и кај помладата жена е утврдена насилна смрт, додека писмениот извештај е во подготовка и се очекува најдоцна до...
Финансиска компензација од Швајцарија за настраданите во трагичниот пожар во Кранс-Монтана
Швајцарската влада соопшти дека ќе исплати финансиска поддршка во износ од по 56.000 долари за повредените лица и за семејствата на загинатите во пожарот што избувна во бар во ски-центарот Кранс-Монтана за време на новогодишната ноќ. Во трагедијата животот го загубија 41 лице, додека 115 беа повредени.
Од владата посочија дека исплатата претставува гест на сочувство и форма на помош...
Најмалку 36 жртви во разорните поплави во југоисточен Бразил
Бројот на загинати лица во поплавите што го зафатија југоисточниот дел на Бразил достигна најмалку 36 - соопштија властите во бразилската сојузна држава Минас Жераис.
Од Противпожарната служба на Минас Жераис информираа дека 33 лица сè уште се водат како исчезнати, додека околу 3.000 жители биле евакуирани и принудени да ги напуштат своите домови поради зголеменото ниво на водата.
Метеоролошките служби...
Уставниот суд не отвори постапка за нерезидентните пензионери, стопирана иницијативата за измените на Кривичниот законик
Уставниот суд денеска одлучи да не поведе постапка за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што се однесуваат на нерезидентните пензионери. Со овие измени е предвидено зголемувањата на пензиите од 2024 година да не им се исплаќаат на пензионерите кои живеат надвор од државата. Петмина подносители поднесоа иницијативи со кои бараа оценка на уставноста, повикувајќи се на...
Платите на функционерите ќе се кратат, Собранието ја утврди потребата за носење на пакетот закони
На 89. пленарна седница Собранието ја утврди потребата за носење пакет закони со кои ќе се нивелираат платите на избраните и именуваните лица. Според предложените измени, платите на функционерите ќе се намалат до 13.000 денари.
Законот опфаќа измени во повеќе области: платите на пратениците, на функционерите во извршната власт, јавните обвинители, судиите, членовите на Советот на јавните обвинители и на...
Чекаме нов Кривичен законик, процесот на пристапување е јасно дефиниран, истакна Рокас
Евроамбасадорот Михалис Рокас при денешната посета на Прилеп појасни дека процесот на пристапување во Европската Унија е строго утврден со договорите на Унијата и не предвидува ограничувања за земјите кои ги исполнуваат условите за членство.
- Процесот на пристапување во ЕУ е дефиниран во договорите на Европската Унија. Всушност, не постои такво нешто кое би предвидувало во тие договори дека...







































