Силата не нуди решение, војната во Иран не требаше да се случи и никому не му користи

Дел од поентите на кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, истакнати во рамки на „Двете сесии“ Во продолжение издвојуваме дел од коментарите на шефот на кинеската дипломатија дадени во рамки на годинашниот најголем политички собир во Кина „Две сесии“ што почна неделава. „Двете сесии“ привлекуваат особено големо внимание во услови на несигурна геополитичка ситуација Кинескиот министер за надворешни работи...

Енергетските пазари се под притисок, Владата анализира мерки за евентуална криза, истакна Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите се осврна на актуелните случувања на Блискиот Исток, оценувајќи дека глобалната ситуација влијае врз енергетските пазари и врз економската стабилност на многу држави. Тој посочи дека во вакви околности државите мора да бидат внимателни и одговорни, а Владата, како што рече, внимателно ја следи состојбата.  - Енергетските пазари...

Нема да има центри за мигранти, британската дипломатија го потврди тоа, истакна Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека во изминатите месеци јавноста во Македонија била изложена на опозициска кампања, дека Владата тајно преговара за прифаќање мигранти од Обединето Кралство, тврдење кое, според него, било демантирано од британската дипломатија. Мицкоски посочи дека британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон, јавно изјавил дека не постои и никогаш не постоел договор...

Пет лица во притвор и 21 кривична пријава за семејно насилство

Во изминатите две недели Министерството за внатрешни работи на Македонија поднело 21 кривична пријава за вкупно 25 кривични дела поврзани со семејно насилство, од кои шест се поднесени по брза постапка. Дополнително, на подрачјето на СВР Скопје се поднесени уште пет кривични пријави за родово базирано насилство – три за кривично дело „загрозување на сигурноста“ и две за „демнење“. Во рамки...

Рано утринава земјотрес ги разбуди жителите во западниот дел на земјата

Рано утринава, во 4.32 часот, земјотрес беше почувствуван во западните и југозападните делови на Македонија, поточно во Дебар, Кичево, Охрид, Ресен и Струга. Според информациите на Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички факултет – Скопје, епицентарот на земјотресот бил во Грција, на околу 200 километри јужно од Скопје, со локална магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала. Од Сеизмолошката опсерваторија соопштија дека интензитетот на...

Кина презентираше пет принципи за решавање на кризата во Иран

Министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји, повика на итен прекин на огнот и запирање на непријателствата поврзани со ситуацијата во Иран, оценувајќи дека конфликтот може дополнително да ја дестабилизира меѓународната сцена. На денешната прес-конференција, Ванг Ји изјави дека ставот на Кина е објективен и непристрасен и дека приоритет е да се спречи понатамошна ескалација на конфликтот. Тој предупреди...

Наковски Волеј се врати на победнички патеки, Јанта му се реваншираше на Младост УГД

По првиот пораз во сезоната минатиот викенд одбојкарките на Наковски Волеј експресно се вратија на победнички патеки и во дуелот од врвот на табелата против Работнички Скопје славеа со убедливи 3:0, во 16. коло од Првата лига жени. Со досегашниот учинок и на само две кола до крајот на регуларниот дел од сезоната јасно е дека Наковски Волеј е...

Иранска Црвена Полумесечина предупреди на ризик од токсичен дожд

Eksplozii Iran, toksi;en dozd
Иранската Црвена Полумесечина (IRC) предупреди на ризикот од токсичен дожд по експлозиите во нафтените постројки во Иран, пренесе „Танјуг“. Тие нагласи дека таков дожд може да предизвика хемиски изгореници на кожата и оштетување на белите дробови и им наложи на граѓаните да не ги напуштаат своите домови под никакви околности по експлозиите во нафтените постројки и веднаш да се засолнат...

Денеска започнува евакуацијата на македонските граѓани од Блискиот Исток, соопшти МНР

Евакуацијата на македонските државјани од земјите на Блискиот Исток ќе започне денеска и ќе се реализира со комерцијални чартер-летови, соопшти Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија. Од Министерството информираат дека по спроведена постапка согласно Законот за јавни набавки е склучен договор со авиокомпанија за реализација на летовите. Според утврдениот план, се очекува до средината на следната недела...

Експлозија во комплексот на американската амбасада во Осло

Eksplozija Oslo ambasada
Силна експлозија одекна пред Американската амбасада во Осло главниот град на Норвешка, при што е причинета помала материјална штета, но нема загинати или повредени, соопшти норвешката полиција.   - Полицијата е во комуникација со амбасадата и нема пријавени повредени - се вели во соопштението што го пренесе „Би-би-си“. -Големи број на полициски сили, вклучувајќи кучиња трагачи, дронови, вооружени полицајци и хеликоптери...