Со 75 гласа „за“ помина првата фаза од Законот за Јавно обвинителство
Со 75 гласа „за“ и без ниту еден „против“, Собрание на Република Македонија на денешната седница ја утврди потребата од донесување на Предлог-законот за Јавното обвинителство, со што законското решение ја помина првата фаза од собраниската процедура.
Во наредните денови за предлог-законот ќе се одржи јавна дебата во рамки на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Министерот за правда...
Москва подготвена за посредување во војната со Иран
Рускиот претседател Владимир Путин предложил повеќе опции за посредување во конфликтот со Иран, а дел од тие предлози и натаму се на маса, соопшти Кремљ.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека уште пред ескалацијата на воените дејства рускиот претседател предложил иницијативи за посредување со цел намалување на тензиите, пренесе „Ал Арабија“.
– Од самиот почеток на оваа ситуација, дури и...
Владата ќе направи сѐ за да ја одржи ценовната стабилност, истакна Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека инфлацијата во земјава е намалена под три проценти и дека Владата ќе продолжи со мерки за одржување на ценовната стабилност и заштита на стандардот на граѓаните.
Одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека според најновите податоци на Државниот завод за статистика, инфлацијата во февруари 2026 година изнесува 2,9 проценти, што, како што рече, е една...
Не се согласував со начинот на директорување на Васев, истакна Смичковска на судењето за „Онкологија 2“
Во Основен кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, со сведочење на д-р Снежана Смичковска од Универзитетска клиника за радиологија и онкологија.
Смичковска пред судот изјави дека нејзината медицинска сестра секое утро ги носела историите на болест за потпис кај тогашниот директор на Клиниката, Никола Васев, додавајќи дека тој не се мешал директно во лекувањето на пациентите.
На...
Антикорупциска покренува постапки, 234 советници не поднеле изјава за имот
Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата денеска едногласно одлучија да поведат постапки против 234 советници избрани во општините во државата, кои не ја исполниле законската обврска за поднесување изјава за имотна состојба и интереси во предвидениот рок.
Претседателот на Комисијата, Адем Чучуљ, информираше дека анализата на електронската евиденција покажала дека околу една петтина од советниците во општинските совети...
Владата не планира кризна состојба, залихите на гориво се стабилни, истакна Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во моментов во Македонија нема опасност од недостиг на нафта и нафтени деривати и дека државата има убедливо најниска цена на дизел горивото во регионот.
Одговарајќи на новинарски прашања при увид во изградбата на пречистителна станица во населеното место Кучевишка Бара, во Општина Чучер Сандево, премиерот истакна дека Владата ја следи состојбата и засега не...
Не е утврдено криење на залихите на гориво, покажаа контролите на Пазарниот инспекторат
Пазарниот инспекторат не утврдил криење на залихи на гориво при контролите спроведени во изминатите неколку дена на бензинските станици низ државата.
Директорот на Пазарниот инспекторат, Влатко Стојкоски, денеска изјави дека во изминатите три до четири дена се реализирани повеќе од 300 инспекциски надзори, при што кај дел од бензинските станици контролите сè уште продолжуваат, пренесе МИА.
- Не е констатирано дека...
Илија Каров: Караманот е живо културно наследство на Македонија
Со одлука на Меѓународната кинолошка федерација, за условно признавање на македонското овчарско куче-Караман, Македонија официјално доби автохтона овчарска раса со меѓународна валоризација. Претседателот на Кинолошкиот клуб „Македонско овчарско куче-Караман“, Илија Каров, смета дека ова е историски момент за Македонија, со оглед на тоа што во светот се признаени само 340-360 раси на кучиња
Во високите и сурови предели...
Мицкоски: На денешната владина седница ќе се одлучи за нов државен јавен обвинител
Владата денеска на седница ќе донесе одлука за нов државен јавен обвинител, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.
-За кратко денеска ќе имаме владина седница, и на таа владина седница јавноста ќе знае кое ќе биде името на идниот јавен обвинител или обвинителка, така што ќе биде доставено до Парламентот - изјави Мицкоски по увидот во изградбата на...
Иран со дронови ги нападна рафинериите во Хаифа, експлозии пријавени и во Тел Авив
Иранските вооружени сили соопштија дека извршиле напади со беспилотни летала врз рафинерии и складишта за гориво во израелскиот град Хаифа, како одговор на, како што наведуваат, „нападите врз нафтените постројки во Иран“ - пренесоа иранските медиуми.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) информираа дека е регистрирано ново лансирање ракети од Иран, што е прв ваков сигнал од почетокот на денот. Според нив,...







































