ФОТО: Во Битола одбележана 83-годишнината од депортацијата на битолските Евреи
Со повеќе настани во Битола денес беше одбележана 83-годишнината од депортацијата на битолските Евреи, во организација на Еврејската заедница на Република Македонија и Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, со поддршка на Општина Битола.
Комеморативната програма започна со средба во салата на Советот на Општина Битола, на која присуствуваа претставници на државните институции, дипломатскиот кор и бројни гости. Меѓу...
Германија не гледа причина да ги олабави санкциите против Русија, нагласи Мерц
Германија не гледа причина да ги олабави санкциите против Русија, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц, нагласувајќи дека солидарноста со Украина мора да има предност и покрај притисокот од глобалните енергетски пазари.
- Доколку американско-израелската војна во Иран заврши брзо, ќе видиме и релативно брзо враќање кон нормализација на пазарите на нафта и енергија. Затоа, нема причина да се размислува...
Итна седница на Националното тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на ЕУ за спречување и броба против насилство врз жените
Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство со кое претседаваше заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, одржа итна седница во проширен состав, со присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот за правда Ален Деребан, претставници на Јавното...
Русија се обидува да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од меѓународните санкции, вели Зеленски
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Русија се обидува да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од меѓународните санкции и да обезбеди дополнителни ресурси благодарение на флуктуирачките цени на нафтата и гасот.
- Детално ги анализираме достапните податоци за намерите на руското раководство да ја искористи ситуацијата околу Иран и евентуалното продолжување на американската воена операција....
Полицијата евидентираше 14 случаи на семејно насилство во неколку градови
Вкупно 14 случаи на семејно насилство се евидентирани изминативе денови низ државата, при што четири лица се лишени од слобода, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
Во гостиварско село, полициски службеници од ОВР – Гостивар денеска го лишиле од слобода 21-годишниот А.Р., постапувајќи по пријава од неговата 23-годишна невенчана сопруга. Според пријавата, тој агресивно се однесувал и физички ја...
Приведен наставник, вознемирувал 18-годишна ученичка
Педесет и двегодишен наставник од средно училиште на подрачјето на Општина Центар во Скопје е лишен од слобода по пријава дека вознемирувал ученичка и барал од неа да имаат полови односи.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека лицето било приведено вчера околу 17.30 часот од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје.
Според пријавата, наставникот во...
„Фер ангажман“ започна со примена, нема засега пријавени
Информативната сесија „Фер ангажман“ посветена на примената на Законот за работно ангажирање лица, дел од проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Македонија“, денеска се одржа во Прилеп, со цел работодавачите практично да се информираат за придобивките и правата уредени со закон, а се опфатени дејностите земјоделие, туризам, угостителство, услуги во домаќинството.
-Со законот се обезбедуваат фер правила...
Уште шест компании останаа без лиценца за медицински канабис, информираше Митева
Владата донесе одлука за одземање на лиценците на уште шест компании кои се занимаваат со одгледување медицински канабис, информираше денеска владината портпаролка Марија Митева на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.
Според Митева, одлуката е донесена по извршена проверка од страна на надлежната Комисија, при што биле утврдени законски пропусти кај компаниите.
- Станува збор за законски пропусти констатирани при контролите спроведени...
„Црниот печат“ за Менкиноски од Бугарија е кршење на човекови права и удар врз имиџот на ЕУ, смета Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски јавно го осуди случајот со адвокатот Тони Менкиноски, на кого бугарската гранична полиција му стави црн печат со забрана за влез во Бугарија до 2036 година, оценувајќи дека ваквиот потег испраќа „лоша порака“ и може да влијае врз имиџот на Европската Унија.
Одговарајќи на новинарски прашања по увидот во изградбата на пречистителната станица во Кучевишка Бара, Мицкоски...
Владата го предложи Ненад Савески за нов државен јавен обвинител
Владата денеска го предложи судијата од Основниот кривичен суд Скопје, Ненад Савески, за нов државен јавен обвинител. Предлогот сега треба да биде разгледан и изгласан во Собранието, каде за изборот се потребни најмалку 61 глас од пратениците.
Портпаролката на Владата, Марија Митева, на прес-конференција изјави дека при изборот на кандидатот Владата се раководела од принципите на професионалност, интегритет и стручност.
-...







































