Трамп: САД не зависат од НАТО, имаме воен успех
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази разочараност од британскиот премиер Кир Стармер, оценувајќи дека направил „голема грешка“ со тоа што не ги поддржал Соединетите Американски Држави во воениот конфликт со Иран.
Изјавата следува по неговите критики кон сојузниците од НАТО, кои одбиваат да се приклучат на операцијата, при што Трамп порача дека САД ќе продолжат самостојно додека ескалира ситуацијата околу еден...
Ако нема нафта, нема пари за Украина, порача Орбан
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави дека Украина ќе мора да ги обнови испораките на нафта преку нафтоводот „Дружба“ доколку сака да добие финансиска поддршка од Европска Унија.
- Ако нема нафта, нема пари - порача Орбан во видео објавено на социјалните мрежи.
Тој информира дека разговарал со претседателот на Европски совет, Антонио Кошта, како и со премиерот на Словачка, Роберт...
Шефот за борба против тероризмот се повлече од функцијата поради конфликтот со Иран
Шефот на Националниот центар за борба против тероризмот поднесе оставка, станувајќи првиот висок функционер од администрацијата на Доналд Трамп кој се повлекува поради војната со Иран.
Во писмо објавено на социјалната мрежа „Икс“, Џозеф Кент наведе дека не може да ја поддржи тековната воена политика, оценувајќи дека Техеран не претставува непосредна закана за Соединетите Американски Држави. Според него, конфликтот бил...
Полицијата санкционираше девет возачи без дозвола и под дејство на алкохол
Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на Министерство за внатрешни работи (МВР) лишиле од слобода девет возачи, додека со еден родител бил извршен службен разговор поради безобѕирно управување со возило.
Од вкупниот број, седум возачи биле приведени за управување без возачка дозвола, двајца за возење под дејство на алкохол, а едно лице управувало возило и покрај активна забрана за...
Од 1 мај намалени цените на над 300 лекови, информира Алиу
Министерство за здравство информира дека е спроведено годишното усогласување на максималните цени на лековите за 2026 година, согласно важечката методологија за нивно формирање.
Министерот за здравство, Азир Алиу, посочи дека цените на лековите се клучен инструмент за обезбедување достапна терапија за граѓаните и одржливост на здравствениот систем, со директно влијание врз јавните здравствени расходи.
По направените анализи и преговори, утврдени се...
Објектите морале да имаат четири клучни документи, сведоци откриваат пропусти во безбедносните процедури за „Пулс“
На денешното рочиште за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сведочеше Маја Тимовска од Дирекција за заштита и спасување, која појасни дека сите субјекти во системот за заштита и спасување имаат законска обврска да изработат и достават четири клучни документи.
Станува збор за елаборат за заштита и спасување, правилник за заштита од пожари, процена на загрозеност од природни...
Комисијата го избра Ристов за нов претседател на Регулаторна, следува гласање во Собрание
Ацо Ристов, дипломиран електроинженер со долгогодишно искуство во енергетиката и инфраструктурните системи, е предложен за нов претседател на Регулаторна комисија за енергетика, по оставката на досегашниот прв човек Марко Бислимоски.
Предлогот за Ристов беше поддржан од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата со седум гласа „за“, два „против“ и без воздржани. За да стапи на функцијата, потребно е...
Министерството воведува систем за рамномерен енергетски развој на општините
Во Службен весник на Република Македонија е објавен Правилникот за формат, содржина и методологија за изработка на општинските енергетски планови, со кој за првпат се воспоставува структуриран и контролиран систем за планирање на енергетските инвестиции на локално и национално ниво, информираат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.
Со новиот правилник се напушта досегашниот ад-хок пристап и се воведуваат...
Иран не сака директни преговори со САД, расте ризикот од нови санкции
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, ги отфрли директните преговори со Соединетите Американски Држави за нуклеарната програма, со што дополнително се намалуваат шансите за дипломатско решение и се зголемува веројатноста за повторно воведување санкции на Обединетите нации кон Иран, пренесе „Асошиејтед прес“.
Изјавите на Хамнеи, емитувани на државната телевизија, се сметаат за сигнал дека Техеран нема намера да влезе во...
Кривична пријава за девет лица, „Мерцедес-Мајбах“ увезен и регистриран со фалсификувани документи
Царинска управа на Македонија поднесе кривична пријава против две правни и седум физички лица поради сомнение за повеќе кривични дела поврзани со увоз и регистрација на луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ со фалсификувани документи.
Според информациите од институцијата, во 2023 година употребуваното возило било пуштено во слободен промет и регистрирано со лажирана документација, при што Буџетот бил оштетен за околу 1,9 милиони...






































