МВР санкционира 14 возачи низ државата, без дозвола и под алкохол
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Македонија, полициски службеници лишиле од слобода 14 возачи поради безобѕирно управување со возило, соопшти Министерство за внатрешни работи.
Од нив, осуммина управувале возило без возачка дозвола, меѓу кои и еден малолетник. Еден возач управувал и покрај изречена забрана, четворица биле под дејство на алкохол, а едно лице возело со брзина над дозволената.
Случаите...
Енергетскиот систем е стабилен, има доволно јаглен и резерви, нема ризик за струјата, истакна Мицкоски
Електроенергетскиот систем во Македонија е стабилен, изјави премиерот Христијан Мицкоски по владината седница.
Во моментов во функција се блоковите 1 и 3 во РЕК Битола, додека залихите на јаглен изнесуваат околу 80 илјади тони во Битола и 160 илјади тони во Кичево. Акумулациите се исполнети околу 40 проценти, што, според премиерот, би било доволно за производство на електрична енергија во...
Државата има доволно резерви, нема потреба од рестрикции, состојбата е стабилна, истакна Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека Македонија е целосно подготвена да се справи со последиците од растот на цените на горивата, предизвикан од кризата на Блискиот Исток.
Тој на прес-конференција во Владата истакна дека нема проблеми со снабдувањето и дека и државата и компаниите располагаат со доволни резерви. Според него, во моментов нема потреба од ограничување на купувањето гориво за странските...
Две згради се урнаа во центарот на Истанбул по експлозија на гас
Две згради се урнаа во централниот истанбулски кварт Фатих по експлозија на гас, што предизвика итна операција за пребарување и спасување.
Властите соопштија дека експлозијата се случила околу пладне, оставајќи девет лица заробени под урнатините. Спасувачките екипи беа испратени на местото на настанот кратко време по инцидентот.
Гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул, изјави дека седум лица се извлечени од урнатините и...
Нема да дозволиме раст на цените на храната, истакна Мицкоски
Владата внимателно ги следи цените на прехранбените производи во маркетите, при што е забележано зголемување кај маслото за јадење и јајцата, изјави на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски.
Тој нагласи дека Државен пазарен инспекторат е постојано на терен и врши контроли, додека Владата ги анализира причините за поскапувањата.
Според премиерот, растот на цените се оправдува со глобалните движења на берзите, особено кај...
Владата го намали ДДВ за горивата, се очекува поевтинување, информираше Мицкоски
Владата на Македонија донесе пакет мерки за ублажување на ценовниот раст на горивата, информираше премиерот Христијан Мицкоски по владината седница.
Клучната мерка е намалување на ДДВ за нафтените деривати од 18 на 10 проценти, што ќе важи во наредните две недели и ќе резултира со поевтинување на горивата за 6 до 7 денари по литар. Одлуката стапува во сила од понеделник...
Ормутскиот теснец е отворен за сите, освен за бродови поврзани со „непријателот“, порача Мусави
Ормутскиот теснец останува отворен за сите бродови освен бродови поврзани со „непријателите на Иран“, објавија иранските медиуми во неделата, цитирајќи го претставникот на Иран во поморската агенција на ОН, пренесе „Ројтерс“.
Коментарите на Али Мусави доаѓаат од интервју објавено во петокот од кинеската новинска агенција Ксинхуа, пред заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги нападне иранските електрани ако...
Над 1.500 загинати во Иран од почетокот на војната
Повеќе од 1.500 луѓе загинале во Иран од почетокот на воениот конфликт со САД и Израел пред три недели, објави иранската државна телевизија, повикувајќи се на податоци од Министерството за здравство.
Според истите информации, над 200 од жртвите се малолетници, додека повеќе од 21.000 лица се повредени. Дополнително, евакуирани се околу 220 медицински установи, а 21 здравствен работник го загубил...
Ново вештачко езеро ќе го развива туризмот во регионот, најави Николовски
Со изградбата на браната Отиња, која е реализирана околу 70 проценти, источниот дел на Македонија ќе го добие првото рекреативно вештачко езеро, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
При увид на терен, тој истакна дека проектот се реализира според планираната динамика и дека се обезбедени доволно средства. Од вкупно 488 милиони денари, досега се реализирани 311 милиони денари.
Според...
Словенија воведе ограничување на точење гориво
Владата на Словенија воведе ограничување на полнењето гориво, дозволувајќи максимум 50 литри за физички лица и 200 литри за правни субјекти. Мерката доаѓа по неколкудневни проблеми со снабдувањето на бројни бензински пумпи низ земјата.
Недостигот е најизразен на пумпите на Петрол, што го потврди и премиерот Роберт Голоб. Тој ги повика трговците со нафта да разгледаат мерки за ограничување на...





































