Штедењето расте стабилно, а кредитирањето уште побрзо
Банките полни со депозити, граѓаните сè повеќе се задолжуваат
Банкарскиот сектор продолжува да бележи стабилен раст и кај депозитите и кај кредитите, иако на краток рок се забележуваат мали осцилации. Имено, вкупните депозити во февруари достигнале 10,64 милијарди евра, што претставува годишен раст од 9,9 отсто. Сепак, на месечно ниво има благо намалување од 0,1 отсто, пред сè како резултат...
Слобода на Влатко Донев – ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА
Фотографијата Слобода на авторот Влатко Донев е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
-Слободата не секогаш има форма,понекогаш е само чувство што те носи над хоризонтот. Во тишината на височините, човекот и небото стануваат едно, оттурнувајќи ги границите на секојдневието - вели Донев.
Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.
Фотографијата е...
Прв состанок на Основачкиот одбор на Канадско-македонската стопанска комора
Во време кога македонската дијаспора сѐ појасно ја чувствува потребата од организирано економско поврзување и заеднички настап, во Торонто беше одржан првиот состанок на Основачкиот одбор на Канадско-македонската стопанска комора, иницијатива која има амбиција да стане централна точка на македонскиот бизнис живот во Канада.
Во состав на Основачкиот одбор се Милосов Лукароски, Теа Пешева, Диана Индовски, Иван Лукароски и Кирил...
Победа за Голоб на изборите во Словенија, но без мнозинство
Според првичните официјални резултати, либералното Движење „Слобода“ на премиерот Роберт Голоб освои најмногу гласови, но заедно со досегашните коалициски партнери не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство на изборите во Словенија.
Движењето „Слобода“ (ГС) на Голоб освои 28,54 отсто од гласовите и 29 пратенички места, откако беа пребројани речиси сите гласови, соопшти Државната изборна комисија.
Опозициската Словенечка демократска партија (СДС), предводена од...
Кривични пријави за точење алкохол на малолетници во Аеродром
Во периодот од 19 до 22 март 2026 година, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје спроведоа засилени контроли насочени кон санкционирање на прекршувања на законите, со посебен акцент на точење алкохол на малолетници.
Според информациите од Министерство за внатрешни работи, биле извршени контроли во 12 угостителски објекти на подрачјето на Аеродром. Во три од нив биле...
Состојбата со дериватите стабилна, се следи потрошувачката, има доволно гориво и резерви за 60 дена, истакна Божиновска
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, изјави дека снабдувањето со горива во земјава е стабилно и дека има доволни количини на нафтени деривати.
Таа посочи дека надлежните институции постојано ја следат состојбата и дека, според досегашните проверки, нема никакви проблеми. Пазарната инспекција утврдила дека сите снабдувачи ги имаат задолжителните резерви за најмалку пет дена.
- Во моментов нема...
Во Брисел грешат дека трпението на европските народи е бесконечно, истакна Вајдел
Европа се наоѓа на историски крстопат. Над континентот се надвиснуваат сериозни предизвици, војни и насилство, ограничување на слободите, економско осиромашување и политики што го поткопуваат просперитетот. Овие закани директно ги допираат темелите на европската култура, вредности и начин на живот. Во Брисел, според неа, постои уверување дека трпението на европските народи е неограничено, но таа смета дека тоа е...
Унгарскиот премиер најавува пресврт во Европа, конзервативните сили во подем
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во обраќање во Будимпешта истакна дека, според него, светот влегува во период на големи политички промени, во кои конзервативните и националните сили зајакнуваат.
Орбан го поздрави влијанието на Доналд Трамп врз глобалната политика, оценувајќи дека неговата победа придонела за повлекување на „прогресивните политики“ и за зајакнување на традиционалните вредности.
Тој посочи дека унгарско-американските односи се подобрени,...
Иран целосно ќе го затвори Ормутскиот теснец ако Трамп дејствува врз основа на заканите за напад врз електрани
Новинската агенција „Ројтерс“ пренесе изјава од Корпусот на иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) како одговор на американскиот претседател Доналд Трамп, кој му дава на Иран 48 часа да го отвори Ормутскиот теснец за бродови или ќе се соочи со уништување на својата енергетска инфраструктура.
Во ново соопштение, ИРГЦ изјави дека Иран целосно ќе го затвори теснецот ако Трамп продолжи со...
Нема простор за повисоки плати во правосудството, но ќе има нови вработувања, истакна Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во моментов нема простор за зголемување на платите во правосудниот сектор, но нагласи дека Владата е подготвена да инвестира во ресурси и услови за работа.
Одговарајќи на изјавите на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески, кој побара поголема финансиска поддршка за поефикасна борба против криминалот, Мицкоски посочи дека може да се разговара за подобрување на...





































