Министрите на Г7 подготвени за мерки за стабилизација на енергетските резерви
Министрите за надворешни работи на Г7 изјавија дека се подготвени да преземат координирани мерки за поддршка на глобалните енергетски резерви, во услови на зголемени геополитички тензии, пренесе „Ројтерс“.
Во заедничка изјава, тие ја истакнаа клучната важност на безбедноста на поморските трговски рути, особено на Ормутски теснец, кој е од витално значење за глобалното снабдување со нафта.
Министрите изразија поддршка за партнерите...
Трамп и Иран со нови закани, ултиматум од 48 часа и ризик од ескалација во Заливот
Американскиот претседател Доналд Трамп и Иран разменија сериозни закани за ескалација на конфликтот, со можни напади врз енергетски и нафтени постројки во Персискиот Залив, пренесе „Ројтерс“.
Ваквиот развој на настаните повторно ги зголемува ризиците за глобалните енергетски и финансиски пазари и може дополнително да ја продлабочи регионалната нестабилност.
Трамп во саботата предупреди дека ќе ги „уништи“ иранските електрани доколку Техеран не...
Небезбедно месо и ореви запрени на граница, информира АХВ
Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на минатата недела спречи увоз на околу 50 тони небезбедна храна која била наменета за македонскиот пазар.
При контроли на граничниот премин Ќафасан, официјалните ветеринари забраниле влез на 27 тони говедско мелено месо со потекло од Парагвај. Според АХВ, месото потекнувало од објект кој не е одобрен од институцијата, што значи дека...
Владата најави итни мерки против поскапувањето на горивата
Владата на Македонија денеска напладне ќе одржи седница на која ќе се разгледаат и усвојат мерки за ублажување на растот на цените на горивата.
Од Владата информираат дека поради континуираниот пораст на цените на светските нафтени пазари, се очекува дополнително поскапување на дизелот и бензините и на домашниот пазар. Иако цените во земјава и натаму се пониски во споредба со...
Шест лица лишени од слобода поради семејно насилство
Шест лица се лишени од слобода за семејно насилство, изминатото деноноќие, а вкупно имало седум пријави, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 23:50 часот го лишиле од слобода Н.Д. (44) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против...
Тело на жена во распаѓање пронајдено во местото викано Ѓошевски орев
Тело на жена во фаза на распаѓање е пронајдено денеска во село Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска Река. Жената не е идентификувана, а причините за смртта сѐ уште не се утврдени. Телото ќе биде предадено на обдукција, информираат од полицијата и ЈОРСМ.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во СВР Штип е пријавено дека...
Засадени 6.000 садници даб во Прилеп
Во рамки на проектот „Пошумување на споменикот на природата „Маркови Кули“, финансиран од Бирото за регионален развој, а како дел од одбележувањето на Денот на пролетта, денеска во Прилеп беше реализирана акција за пошумување на еден од најзначајните природни локалитети на подрачјето на Општина Прилеп.
Дел од локалитетот Маркови Кули, кој се наоѓа над новите градски гробишта на патот за...
Осумгодишно дете удрено од автомобил во Конче
Осумгодишно дете вчера е удредно од автомобил на влез во село Конче, по што со тешки телесни повреди е пренесено во Клиничката болница Штип.
- Во ОВР Радовиш вчера во 18:30 часот е пријавено дека на регионалниот Радовиш- Конче, на влез во с.Конче, патничко возило „тојота“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А.(42) од Радовиш, удрило во осумгодишно дете од...
Со воздушни напади е погоден иранскиот комплекс за збогатување уран Натанз
Иранскиот објект за збогатување уран во Натанз беше погоден денеска во напад од воздух, објави официјалната новинска агенција Мизан, наведувајќи дека немало зголемена радијација.
Нуклеарниот објект во Натанз се наоѓа околу 220 километри југоисточно од Техеран. Властите во Техеран ги известиле МААЕ за нападот.
Главниот објект за збогатување на ураниум во Иран беше исто така погоден во првата недела од нападите,...
Нискостеблеста шума и трева гореле во Старо Нагоричане, пожарот е изгаснат
Сува трева и ниска деградирана шума гореле на површина од 20-тина хектари во село Макреш, општина Старо Нагоричане, соопштија денеска од територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане.
- Пожарот кај нас беше пријавен во 19 часот и успеваме да го изгасиме нешто после 23 часот. Станува збор за поголема површина, во пожарот беа зафатени сува трева, ниско-стеблеста шума - изјави командирот...





































