Иран негира мировни преговори со САД
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи изјави дека немало преговори со САД во текот на 24-дневната војна, додавајќи дека ставот на Исламската Република за Ормутскиот теснец и условите за завршување на конфликтот остануваат непроменети.
Во разговор за ИРНА, Есмаил Багаеи рече дека во последните денови биле пренесени пораки преку неколку „пријателски земји“, што укажува на она што го нарече...
Лескир алармира за последиците од конфликтот на Блискиот Исток
Францускиот министер за економија Ролан Лескир предупреди дека кризата во Ормускиот Теснец може да прерасне во сериозно економско нарушување од системски карактер, оценувајќи дека конфликтот на Блискиот Исток веќе предизвикува нов глобален нафтен шок.
Обраќајќи се пред пратениците во Националното собрание на Франција, Лескир истакна дека сценариото за краткотрајна криза повеќе не е реално и дека станува збор за длабоко...
Мир и реформи пред членство, рече Кос за патот на Украина кон Унијата
Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави дека Украина нема да може да стане членка на Европската Унија до почетокот на 2027 година.
Говорејќи на настан организиран од Политико, таа истакна дека е нереално да се очекува членство на Украина до 1 јануари 2027 година, нагласувајќи дека процесот на проширување не може да се врзе со фиксни рокови, пренесе „Анадолија“.
Кос посочи...
Владата нуди дигитален систем за Обвинителството за борба против корупцијата
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека Владата му нуди на Јавното обвинителство преземање на државниот систем за управување со документи и електронска архива, со цел зголемување на транспарентноста и намалување на можностите за корупција и одолговлекување на предметите.
Гостувајќи во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, Андоновски нагласи дека дигитализацијата е клучна за поефикасно функционирање на институциите....
По нападот врз Јужен Парс, Иран ги стопира испораките за Турција
Иран ги прекина испораките на природен гас за Турција, откако Израел минатата недела го нападна гасното поле Јужен Парс, објави Блумберг, повикувајќи се на извори.
Минатата година Иран учествувал со околу 14 проценти во вкупните испораки на природен гас за Турција.
Според истите извори, Турција во моментов продолжува да увезува гас од Русија и Азербејџан, а располага и со сопствени резерви....
На повидок стратешка соработка меѓу Македонија и Хрватска
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, денеска во Загреб оствари средба со премиерот Андреј Пленковиќ.
На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и континуиран политички дијалог, како и на конструктивна соработка во повеќе области од заеднички интерес, стои во соопштението од кабинетот на Силјановска Давкова.
Претседателката истакна дека...
САД бараат сојузници: Рубио ќе ги убедува министрите на Г7 за политиката кон Иран
Американскиот државен секретар Марко Рубио оваа недела ќе отпатува во Франција каде што ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во близина на Париз.
Главната цел на посетата е да ги убеди сојузниците во оправданоста на американската воена стратегија кон Иран, во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток, пренесе МИА.
Според соопштението, на состанокот ќе се...
Војната во Иран ги зголеми трошоците, покажуваат податоците од бизнис анкетите во Европа
Војната во Иран ги зголеми трошоците, ја еродираше довербата и го забави растот на производството кај компаниите во Европа и Обединетото Кралство, покажуваат новите податоци од бизнис анкетите.
Раниот увид во глобалното влијание на конфликтот врз економиите доаѓа од најновите податоци од Индексот на менаџерите за набавки (PMI), што се темели на анкети меѓу директорите во производствениот и услужниот сектор.
-...
Зеленски: Безбедносните гаранции се клучот за завршување на војната
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека главен приоритет за Украина е обезбедување безбедносни гаранции кои ќе помогнат во завршувањето на војната, пренесува Reuters.
Зеленски на социјалната мрежа „X“ соопшти дека детално разговарал со своите соработници за резултатите од состаноците одржани во САД, вклучително и разговорите во Флорида, при што биле разгледани клучните точки, можностите и предизвиците.
– Најважната задача е да...
Кривична за четворица битолчани, предизвикале омраза на национална, верска и друга основа
СВР Битола поднела кривична пријава против четворица битолчани поради предизвикување на омраза врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска...






































