Се отвора прозорец за разговори меѓу Вашингтон и Техеран до крајот на неделата?!

ЕКСКЛУЗИВНО: Раздвижени дипломати и отворање на комуникациските канали меѓу САД и Иран Во услови на зголемени регионални тензии и неизвесност околу идниот тек на воениот судир, неофицијални американски извори блиски до дипломатски кругови во Скопје брифираат дека изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за започнати разговори не се без основа. Иако во јавните настапи претседателот сугерираше дека постои напредок...

Германскиот пресврт: Проширувањето на ЕУ меѓу геополитиката и заслугите

Берлин ја напушта пасивноста, но внатрешните политички турбуленции го отвораат прашањето дали Балканот ќе напредува по заслуги или ќе остане во сенка на геополитичките приоритети Во момент кога Европската Унија повторно ја отвора дебатата за сопственото проширување, сигналите од Берлин стануваат сè погласни и посуштински. Анализата „Следното проширување на Европа“, објавена во угледното германско гласило „Интернационале политик квотерли“ на...

Уметност што нуди подобар увид во потенцијалите на женската култура

Фактот што последниве децении се евидентни голем број изложби што имаат фокус на „женскоста или изложби на жени автори со наслови „Женска страна“, „Женско писмо“, „Проверка на родот“... укажува дека многу од овие теми и натаму се општествено проблематични. Постановките во кои учесници се жени или кои имаат особена нагласка на „женственоста“ или „женскоста“ сѐ уште бележат вистинска...

Траумата од абортус како колективно тивко сеќавање

Видеоинсталација на Тања Балаќ во МСУ Видеоинсталацијата на уметницата Тања Балаќ, насловена „Телото што ја помни тишината“, ќе биде претставена на 31 март, во 20 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје. Овој мултимедијален проект вклучува видеоарт-проекција и просторна инсталација и ги истражува траумата, меморијата и телесноста како лични, но во исто време и како колективни, социјални и културно...

Нов македонски рекорд на Атанасовска

АЛПСКО СКИЈАЊЕ Таа на трката во Словенија освои неверојатни 33,20 ФИС-поени, што е и нов македонски рекорд во дисциплината велеслалом, а претходно на ФИС-натпревари во Австрија и во Италија постави најдобри ФИС-поени во историјата на македонското скијање и во женска и во машка конкуренција, велат од СФМ Најдобрата македонска алпска скијачка Јана Атанасовска, предводена од нејзиниот тренер Александар Атанасовски-Чаве, круниса...

Света болка

Пред тебе во нашава денешна колумна, драг читателу, е текстот што го замислив како предговор за мојата најнова четврта книга колумни, објавени во „Нова Македонија“ од 2023 до 2025 година, од циклусот „Записи во несоница“. Околу 2.500 страници печатен материјал за време од седумгодишната колумнистичка соработка со мојот омилен весник, во кој, за жал, редакцијата еднаш без образложение ми...

ОЈО Скопје гони три лица за тешка кражба во „Железара“ за штета од 800.000 денари

Основно јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против три лица за тешка кражба извршена во кругот на фабриката Железара. За едно од обвинетите лица е предложена мерка притвор, додека за останатите двајца се предложени мерки на претпазливост. Според обвинителството, во првите денови од март годинава, осомничените одзеле различни видови електрични кабли во вредност од 196.500 денари, сопственост на компанија од Кавадарци....

Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“ со нови сведоци

Со изведување на нови докази и сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство, денеска во судницата во Идризово продолжува судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. За денешното рочиште обвинителството предложи тројца сведоци – Драги Илиевски, Дејан Рашков и Виолета Георгиевска, сите вработени во Општина Кочани,...

Пентагон планира ново распоредување војници на Блискиот Исток

Пентагон подготвува распоредување на илјадници војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Соединети Американски Држави на Блискиот Исток, јавува „Ројтерс“, повикувајќи се на два извора запознаени со плановите. Овој потег доаѓа во време кога претседателот Доналд Трамп зборува за можен договор со Иран за ставање крај на конфликтот. Според информациите, станува збор за дополнително зголемување на американското воено присуство во регионот,...

Вашингтон нуди договор од 15 точки и услов без нуклеарно оружје, Техеран негира разговори

Соединети Американски Држави доставиле до Иран предлог за мировна рамка составена од 15 точки, заедно со иницијатива за прекин на огнот, со цел намалување на тензиите на Блискиот Исток. Претседателот Доналд Трамп изјави дека иранската страна веќе прифатила еден од клучните услови – откажување од нуклеарно оружје.  - Тие се согласија. Тие никогаш нема да имаат нуклеарно оружје. Тие се...