Процесот на систематизација во институциите е нормален и треба одвреме навреме да се случува, рече Мицкоски

Процесот на систематизација во институциите е нормален и треба одвреме навреме да се случува. Правичната застапеност во систематизацијата во МВР ќе се запази, за тоа апсолутно никој да нема грижа, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања по тркалезната маса „Воведување уставна жалба?“ за потребата од систематизација во МВР и како ќе се запази правичната застапеност, тој појасни...

Во последните недели е забележан значителен пораст на пријави за семејно насилство, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека во последните недели е забележан значителен пораст на пријави за семејно насилство, а институциите интензивно работат на системски промени и подобрување на реакцијата кон жртвите. Тој посочи дека бројките се значајно повисоки од вообичаеното и дека јавноста треба да биде свесна дека дел од растот се должи на зголемена доверба во...

Дизелот на „Макпетрол“ ќе се продава за цена три денари пониска од таа објавена од РКЕ

Дизел-горивото на „Макпетрол“ од вечерва по полноќ ќе се продава по цена пониска за три денари од таа објавена од Регулаторната комисија за енергетика. Компанијата уште од вчера ја спушти цената на дизелот за два денари, а со дополнителното намалување, ова гориво од вечерва ќе се продава за вкупно три денари пониска цена. По промената, дизел-горивото ќе може да се...

Владата дава зелено светло за БРТ во Скопје: 70 милиони евра за нов транспортен систем

Владата, преку Министерството за транспорт и Министерството за финансии, најави силна поддршка за реализација на проектот брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје, со цел модернизација на јавниот транспорт, информираше на социјалните мрежи министерот за транспорт и врски, Александар Николоски. - На денешната седница е потврдена подготвеноста за воспоставување на нов, современ сообраќаен систем кој треба да ја подобри ефикасноста...

„Оружјето не е игра“ – започна кампања за подигнување на свеста кај младите

„Животот нема рестарт. Оружјето не е игра“. Со оваа порака министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го означи почетокот на кампањата на ОБСЕ за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотребата на малото и лесното оружје, насочена кон младата популација. - Оружјето не е нешто што треба да се романтизира или потценува. Еден момент на невнимание може да...

Мицкоски очекува зголемувањето на цената на горивата да има влијание врз инфлацијата, но не големо, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемувањето на цената на горивата да има влијание врз инфлацијата, но не големо. Како што изјави денеска, Владата засега интервенира директно од Буџетот зашто вистински се грижи за граѓаните, но има и друг план за следни чекори ако евентуално ескалира кризата. Според премиерот, берзанските цени на бензините, премиум безоловен и дизел, утрово паднаа за 10-на проценти...

Многу е лесно да донесете сет мерки, но треба да внимавате да не ја подгреете инфлацијата, вели Димитриеска Кочоска

Многу е лесно да донесете сет мерки, но треба да внимавате да не ја подгреете инфлацијата. Мерките треба да бидат внимателно анализирани. Не случајно тргнавме со намалување на ДДВ-то. Како ќе налагаат потребите, така ќе реагираме - изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на првиот панел одржан во рамките на меѓународната конференција, што во Скопје ја организира Народната...

Русија предупредува на опасна ескалација ако конфликтот со Иран се прошири кон Каспиското Море

Русија изрази сериозна загриженост дека конфликтот поврзан со Иран може да се прошири кон Каспиското Море, оценувајќи дека таков развој би имал „исклучително негативни“ последици, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пренесува Ројтерс. Песков истакнал дека Москва внимателно ја следи ситуацијата, особено по извештаите за напади врз иранските поморски капацитети во регионот на Каспиското Море. Според него, Русија е особено чувствителна...

Македонија има апсолутно доволно гориво и не размислува да ја ограничи продажбата, вели Мицкоски

Македонија има апсолутно доволно гориво и не размислува да ја ограничи продажбата, иако и луѓе од соседството точат бензин на нашите пумпи, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Подмирени се и потребите за струја, но, сепак е можно повлекување мазут од државните резерви. Како што напомена Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања по тркалезната маса во Уставниот суд, за околу 10 отсто...

Средба Силјановска Давкова – Миланковиќ: Патот на Македонија кон ЕУ предолго трае

Патот на Македонија кон ЕУ предолго трае, и тоа не по македонска вина, нагласи претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ на прес-конференцијата по средбата со претседателката Гордана Силјановска-Давкова во Загреб. И двајцата се согласни дека тој пат е неоправдано попречуван и оти од земјава се бараат отстапки кои ниту се оправдани, ниту се дел од Копенхашките критериуми. -Зборувавме за обидот на...