Ким Јонг Ун ја потврди својата поддршка за Русија во војната против Украина

Kim Jong Un - Lavrov
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во пристанишниот град Вонсан. Ким му рекол на Лавров дека „имаат исти ставови за сите стратешки прашања“ и оти Пјонгјанг е „подготвен безусловно да ги поддржи и охрабри сите мерки преземени од руското раководство во однос на справувањето со коренот на украинската криза“ -...

Извршен увид по двојното убиство и самоубиство во Прилеп

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во куќа во центарот на Прилеп каде беа пронајдени безживотните тела на 11-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години. Според првичните сознанија, 63-годишникот најпрво го лишил од живот својот внук од сестра и неговиот син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања....

Трагедија во Прилеп: Две лица се убиени, од кои едно 12-годишно дете, а убиецот се самоубил

Две лица, татко и син се убиени, а убиецот се самоубил ноќеска во Прилеп. Според првичните сознанија, 63-годишнен прилепчанец прво го лишил од живот својот 43-годишен внук од сестра и неговиот 12 годишен син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања, а потоа се самоубил. -Таткото и синот отишле во куќата на вујкото на улицата  „Стеван Апостолоски“ околу 15 до...

Муцунски од „Дубровник Форум“: Во 21-ви век нема место за национализам во Европа – идентитетот е основно човеково право

На покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на 18. издание на „Дубровник Форум“ – меѓународна конференција што се одржува денес и утре во Дубровник, Република Хрватска. Фокусот на дискусиите беше ставен на безбедноста на Западен Балкан и процесите на Евроатлантска интеграција. Министерот...

АМСМ: Поради сообраќајна несреќа во целосен прекин сообраќајот Фариш-Велес

Сообраќајот на регионалиот пат Фариш-Велес е во целосен прекин поради случена собраќајна незгода. Како што информираат од Автомотосојузот на Македонија сообраќајот е во прекин од 16:50 часот.

Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ, претставува опасност да ги зафати околните шуми

Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори неколку дена. Рано утрово испративме еден армиски хеликоптер, кој прецизно дејствуваше по линијата на пожартот, но, поради ветрот кој постојано го менува својот правец овој пожар беше многу тешко да се стави под контрола, изјави попладнево директорот на Дирекцијата...

Грција испрати два канадери за гаснење на пожарот кај Дојран

Два противпожарни авиони од типот канадер CL-415, испрати Грција за гаснењето на големиот пожар во селото Николиќ во општина Дојран во близина на границата, што воедно е и втора помош од јужниот сосед во изминатите четири дена, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека во 16.53 часот по локално...

Кривичен суд: Куќен притвор за едно, а мерки за претпазливост за друго лице вклучени во нападот врз Арсовска

Судија од скопскиот Кривичен суд определил мерка куќен притвор за едно лице вклучено во нападот на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, а за друго лице, кое и се заканувало, мерки претпазливост. -Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерки за обезбедување присуство против две лица, осомничени за кривичното дело...

Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија

Претседателот Доналд Трамп се закани со давачки од 30 проценти на производите од Мексико и Европската Унија во две писма објавени денеска на социјалните мрежи, со што се интензивира глобалната трговска војна што ја поттикна откако ја презеде функцијата во јануари, пишува Си-ен-ен, пренесува МИА. - Соединетите Американски Држави се согласија да продолжат да работат со Европската Унија, и покрај...

Лавров и Ким Јонг Ун ги предупредија САД, Јапонија и Јужна Кореја да не соработуваат во сферата на безбедноста

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун за време на неговата посета на Северна Кореја ги предупреди САД, Јапонија и Јужна Кореја да не соработуваат во сферата на безбедноста и да не преземаат акции против Северна Кореја - соопшти Министерството за надворешни работи на Русија. Министерството објави фотографија на двајцата функционери...