Фото: МВР/илустрација

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од нив, осум возачи управувале возило без возачка дозвола, а еден од нив бил малолетник. Двајца возачи биле затекнати како управуваат под дејство на алкохол, при што еден предизвикал сообраќајна незгода. Еден возач, пак, управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување.

По целосното документирање на случаите, против возачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување.

-Со одговорно однесување сите заеднички придонесуваме за поголема безбедност во сообраќајот – наведуваат од МВР.