Неколку лица се повредени во напад со меч во училиште во шведскиот град Фагерста, во централниот дел на земјата. Локалните власти соопштија дека полицијата веднаш интервенирала на местото на настанот, а напаѓачот бил застрелан и приведен.
Шведската полиција информираше дека добила пријава за „сериозен насилен инцидент“ во училиште во Фагерста, по што полициски екипи веднаш биле упатени на терен.
Според информациите од општината Фагерста, напаѓачот бил вооружен со меч и повредил неколку лица пред да биде совладан. Полицијата при интервенцијата употребила огнено оружје за да го неутрализира и приведе.
Засега нема официјални информации за точниот број на повредени, ниту за тежината на нивните повреди.
Полицијата и итните служби продолжуваат со активностите на местото на настанот, додека мотивите и околностите за нападот се истражуваат. Надлежните упатија апел до граѓаните да не ги преминуваат поставените безбедносни барикади и да ги следат упатствата на службените лица.


































