Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесувала 48.381 денар, што е зголемување од 6,4 отсто во однос на истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика, пренесе МИА.
Растот на просечната нето-плата, пред сè, се должи на зголемувањето на платите во секторите Административни и помошни услужни дејности, каде што е регистриран раст од 10,6 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство со раст од 8,1 отсто и Транспорт и складирање со раст од 8 отсто.
Од друга страна, намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, каде што платите се намалиле за 9 отсто, Уметност, забава и рекреација со намалување од 6,2 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, со пад од 5,9 отсто.


































