Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид
Пуштени се во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево - Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун. Пуштањето во употреба на оваа делница за власта е показател за разликата меѓу неа и политичките опоненти и доказ за посветеноста и работата.
На пуштањето во употреба присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека не станува збор само за пуштање во употреба...
Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија
Дебарско-кичевската епархија доби нов митрополит. Во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид, денеска со Божествена литургија со која чиноначалствуваше aрхиепскопот oхридски и македонски г.г. Стефан, архимандритот Георгиј беше хиротонисан за митрополит и устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија.
Новоназначениот митрополит пред членовите на Светиот синод на Македонската православна црква, свештенството и верниците меѓу другото се завети дека...
Убиства во Прилеп: Полициска хронологија, како се одвивале настаните
Во големата трагедија што ја потресе јавноста во која синоќа беа убиени 43-годишен татко и неговиот малолетен син, а нивниот роднина што ги убил потоа, како што информираат од полицијата, се самоубил, се одвивала престрелка со полицијата.
За кривично правниот настан Убиство и самоубиство на 12 јули 2025 година во Прилеп, според првичните сознанијата со кои во моментот располага СВР...
Убиецот од Прилеп имал престрелка со полицијата, фрлил и бомба
Во големата трагедија што ја потресе јавноста во која синоќа беа убиени 43-годишен татко и неговиот малолетен, 12-годишен син, а нивниот роднина што ги убил потоа се самоубил, се одвивала престрелка со полицијата, бидејќи сторителот не сакал да се предаде.
Како што информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола, полицијата пристигнала веднаш откако вознемирената сопруга и мајка на убиените пријавила...
На новинарите им се потребни поголема лична безбедност и институционална заштита
ЗАВРШИ КАМПОТ ЗА МЛАДИ НОВИНАРИ ВО ОХРИД
Амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Калиан Вал и претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски, им ги врачија сертификатите на дваесетина млади новинари за успешно завршување на обуките од петдневниот Камп за безбедност на млади кој се одржа од 8 до 12 јули во Охрид.
Софија Бислимоски е студентка по...
Чалгиската музика не е само звук туку е наследство
На Петровден на летната сцена во прекрасната природа на излетиштето Моклиште се одржа третото издание на Фестивалот на чалгиска музика како дел од бројните културни настани во рамките на Кавадаречко лето 2025. Синоќешната вечер со многу побројна публика и прекрасна атмосфера пулсираше во ритамот на чалгијата и уште еднаш потврди дека овој фестивал не само што значи отргнување од...
Синоќа во Кичево се одржа Петровденска мото-парада со рекорден број учесници
Патрониот празник на црковниот храм„ Свети Петар и Павле“ од Кичево, Петровден, беше одбележан и со традиционалната мото-парада, што синоќа, по 11 пат се одржа во Кичево, со над 300 учесници што е рекорден број досега.
На годинешната традиционална мото- парадата зедоа учество рекорден број мотоциклисти над 300, од сите возрати и од двата пола од градот. Мото-парадата стартуваше од...
Активни два пожари на отворен простор, четири ставени под контрола, 22 целосно изгаснати, соопшти ЦУК
До 7 часот утринава, евидентирани биле вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои два сѐ уште се активни, четири се ставени под контрола, а дури 22 се целосно изгаснати.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во село Николиќ во општина Дојран, каде што гори нискостеблеста шума, како и во Чучер Сандево, во пределот...
Глобален недостиг од храна: Сценарио што станува реалност
Физичарот од „Биг бенг“ Роберт Вудро Вилсон, хемичарката добитничка на Нобелова награда Џенифер Дудна, економистот Џозеф Стиглиц и научничката од НАСА Синтија Розенцвајг ја нагласија потребата од значително зголемување на инвестициите во истражување и развој, со цел да се зголеми производството на храна за 50-70 проценти во следните две децении. Слично на тоа, истражувањата на економистите специјализирани за...
Дали енергетската иднина ќе биде навистина заложник на геополитиката?
Некои опсервации за енергетиката, економијата и геополитиката
Зависноста на економскиот раст и развој од употребата на енергија е аксиоматски економски факт, кој, така да се каже, не треба конкретно да се докажува. Светот, развиените држави, а особено брзорастечките економии, трошат сè повеќе енергија. Гладот за енергија станува сѐ поголем, а посакуваната промена во структурата на употребата на енергија во насока...









































