Пјонгјанг го предупреди Вашингтон да престане со провокации
Северна Кореја денеска ги предупреди САД да не провоцираат и негираше дека Пјонгјанг се согласил на преговори под американски притисок.
Портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи изјави дека тврдењата, како што се тие дека доаѓањето на преговарачка маса е знак на слабост на Пјонгјанг, не му одат во прилог на дијалогот и дополни дека таквите провокации би можеле „да...
Мекејн побарал Трамп да не му доаѓа на погребот
Американскиот сенатор од Аризона Џон Мекејн (81), кој боледува од рак на мозокот, побарал од претседателот Доналд Трамп да не му доаѓа на погреб доколку наскоро почине, јави Њујорк тајмс.
Иако се сопартијци во Републиканската партија, Мекејн и Трамп имаат исклучително лоши меѓусебни односи, што кулминираше кога Мекејн го саботираше обидот на Трамп и републиканското мнозинство во Сенатот да го...
Изгореа три куќи во Скопје
Синоќа по 23 часот, во полициска станица било приавено дека на улицата „Перо Наков“ од засега непознати причини избувнал пожар во кои биле опожарени три куќи.
Куќите се наоѓале во заеднички двор, од кои две се сопственост на С.К., а третата е сопственост на А.Р.
Пожарот бил локализиран од страна на Бригадата за противпожарна заштита.
Иванов оствари средба со бугарскиот претседател Радев
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Дојран оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев, кој престојува во работна посета на Македонија.
Како што соопшти Кабинетот на претседателот, на средбата било разговарано за продлабочување на одличните билатерални односи преку јакнење на политичкиот дијалог, за интегративните процеси на Република Македонија и биле разменети мислења за актуелните предизвици во регионот и...
Одбележан патронот на манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во Кнежино
Манастирот „Свети Ѓорѓиј Победоносец“ во село Кнежино, денес го одбележа својот патрон, кај народот познат како„ Ѓурѓовден“.
Во манастирската црква беше отслужена Света Божествена Литургија од страна на свештенството на Кичевското архиерејско намесништво.
Потоа во новоизградената трпезарија беше организиран манастирски ручек, или таканаречена „Трпеза на љубовта“. Во текот на денот новиот кум на манастирот Ивица Мисајлески, ја презеде улогата во наредните...
Пороен дожд во Куманово, екипите на јавните претпријатија на терен
Екипите на надлежните јавни претпријатија „Водовод“ и „Чистота и Зеленило“ Куманово попладнево, по обилниот дожд кој го зафати градот, излегоа на терен и ги отворија шахтите на атмосферската мрежа на неколку улици и булевари во Куманово.
На терен е и градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, кој информираше дека веднаш се ангажирани екипи на претпријатијата.
- Количината на вода е огромна...
Објавени првите официјални фотографии на принцот Луис
Британското Кралско семејство ги претстави првите официјални фотографии на принцот Луис, третото дете на Вилијам и Кејт.
Едната од фотографиите е самиот Луис, а на другата заспаниот Луис го држи неговата сестричка, принцезата Шарлота. Принцот Луис Артур Чарлс се роди на 26 април.
Невреме во Скопје, поплавени куќи во Црешево и Стајковци
Во Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, по невремето со интензивен дожд и грмотевици што го зафати скопскиот и други региони во државава, досега пристигнале дојави за поплавени објекти во скопските села Црешево и Стајковци.
- Противпожарни екипи се упатени за интервенција поради поплавени неколку куќи во Црешево и Стајковци - изјави Ѕвонко Томевски, командир на Бригата за противпожарна...
Изгаснат пожарот во зградата во Аеродром, нема повредени
Нема повредени во пожарот, што избувна попладне во подрумски простории на повеќекатница на ул.„Владимир Комаров“ во скопската општина Аеродром.
- Пожарот е изгаснат и се работи на расчистување на теренот - потврди Ѕвонко Томевски, командир на Противпожарната бригада на Град Скопје.
Поради се уште високата температура во просториите не може да се направи првична проценка на причинетата материјална штета, а дополнитело...
Анѓушев: Со нови мерки извоз на текстилните фирми на светскиот пазар
Состојбите и проблемите во текстилната и кожарската индустрија и мерките со кои може да се подобри бизнис климата, беа тема на разговорите на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев со претседателката на Текстилниот кластер, Маријана Перковска и сопственичката на текстилната компанија „Албатрос“, Весна Миладинова.
Според Анѓушев, во делот на текстилната и кожарската индустрија има бројни проблеми, кои најпрвин, како што вели,...








































