Ѕанакопулос: Предуслов за решение е промена на уставното име

Предуслов за решавање на прашањето е поранешната југословенска Република Македонија да ја прифати обврската за промена на нејзиното уставно име, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчкото радио „Алфа 984“. Ѕанакопулос уште еднаш ја повторува грчката позиција за која смета дека би можела да биде прифатена и технички имплементирана од македонска страна...

Сер Алекс Фергусон се бори за живот

Фергусон имал излив на крв во мозокот по што е опериран и се наоѓа на интензивна нега. За 26 години како менаџер на Манчестер јунајтед, Фергусон освои 38 трофеи Легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон имал излив на крв во мозокот по што итно е пренесен во болница каде што бил опериран и се бори за живот. Неговата...

Тинејџерка силувана и запалена со бензин во Индија

Индиска тинејџерка се бори за живот откако била силувана, полеана со безнин и запалена, соопшти локалната полиција, додавајќи дека ова е втор ваков случај во последните неколку дена. - Девојчето има изгореници од прв степен на 70 проценти од телото- изјави полициски началник од округот Пакур во државата Џарханд. Инцидентот се случил во петокот, кога во истата држава бил извршен сличен...

Шампионот во подобра форма од претендентот за светската круна

На силниот турнир во Азербејџан Манус Карлсен го освои првото место, додека Фабијано Каруана на првенството на САД заврши втор Актуелниот 16-ти светски првак во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен, и претендентот за таа титула, Американецот Фабијано Каруана, кои во ноември во Лондон треба да играат меч за светската круна, имаа различно oстварувaње на два неодамна завршени турнира. Карлсен на силниот...

Азиските берзи пораснаа

Азиските пазари позитивно ја почнаа новата недела откако објавените детали од состанокот на американската Управа на федералните резерви (фед) ги намалија стравувањата од побрзо темпо на зголемување на каматните стапки. Инвеститорите и натаму се загрижени поради кинеско-американските трговски несогласувања, како и тензиите околу ситуацијата со Иран. МСЦИ Азија Пацифик Индексот се зголеми за 0,3 отсто, а кинескиот Блучип Индекс...

Темпераментен кошаркар со прецизна рака

Јанко Луковски беше еден од незаменливите кошаркари на Работнички, кога скопскиот клуб, предводен од Лазар Лечиќ, го отвораше патот кон елитата. Неговата рака ретко затреперуваше и во тоа време да имаше „тројки“ секогаш ќе беше меѓу најефикасните. Кариерата на Луковски беше исполнета со многу доживувања на кои и денеска со возбуда се сеќава Кошаркарите на Работнички вo годините по катастрофалниот...

Живеат на море, а половна од нив немаат да си дозволат летување

Податоци на Евростат покажуваат дека повеќе од половина грчки семејства минатата година не можеле да си дозволат себеси една недела летување. Добиените информации од статистичката канцеларија на Европска Унија покажуваат дека Грција, иако е позната како туристичка дестинација е седмата на дното од листата од вкупно 33 европски држави која покажуваат платежна моќ на населението кога станува збор за одмор-...

Заев треба да даде исказ пред судот во новото рочиште за „Поткуп“

На денешното рочиште за предметот на СЈО „Поткуп“ исказ треба да даде обвинетиот Зоран Заев, а ќе бидат изведувани и докази од одбраната. На минатото судење без присуство на јавноста беше пуштена целата видео снимка поради која премиерот Зоран Заев се товари за примање поткуп. Заев по завршувањето на минатото рочиште кажа дека ја почитува одлуката на Судот да биде исклучена...

Видео: Вулкан на Хаваи уништи 31 дом, илјадници луѓе евaкуирани

Потоци лава, растопена карпеста маса и отровни гасови од вулканот Килауеа уништија 31 куќа на островот Хаваи, соопштија локалните власти. Вулканот исфрла лава на височина од над 61 метар. Околу 1.700 луѓе беа евакуирани, а дел од нив подолг период нема да можат да се вратат во своите домови. Околу 240 лица минатата ноќ ја поминаа во засолништа. Дел од нив добија...

Изминатото деноноќие најмногу дожд наврнал во Скопје и Куманово

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово - 36 литри на метар квадратен и во Скопје -Петровец 34 литри на метар квадратен. Најмалку дожд наврнал во Берово, два литра на метар квадратен. По четири литри на метар квадратен наврнале во Штип, Струмица, Виница, Гевгелија, пет во Прилеп, шест во Ѓуриште, Тополчани, Демир Капија, Крива Паланка, седум во Претор, Дојран, девет...