Фото: РФМ

РАКОМЕТ

  • На списокот фигурираат 35 имиња, од кои тројца се интернационалци. Во првиот бараж-натпревар со Словачка црвено-жолтите гостуваат на 14 мај, а реваншот е на 17 мај во Скопје. Македонија игра за јубилејно 10. учество на ракометните мундијали, а осмо во низа

Селекторот на македонската машка репрезентација Кирил Лазаров го објави поширокиот состав со ракометари за бараж-дуелот со Словачка за пласман на Светското првенство (СП) в година во Германија. На списокот фигурираат 35 имиња, од кои тројца се интернационалци, и тоа голманот Мартин Томовски, кој настапува во Германија, и бековите Филип Талески, кој игра во Унгарија, и Мартин Карапалевски во Шпанија.
Македонија, која првиот натпревар треба да го игра на гости, на 14 мај, а реваншот на 17 мај во Скопје, игра за јубилејно 10. учество на ракометните мундијали, а осмо во низа. Словачка како самостојна држава досега настапила само на две светски првенства, и тоа во Хрватска, пред 17 години (10 место), и во Шведска во 2011 година (17. место).
Поширок состав: голмани: Мартин Томовски, Никола Митревски, Васил Гогов, Иван Галевски, Марко Кизиќ. Леви крила: Петар Атанасијевиќ, Иван Џонов, Гоце Ојлески, Марио Стојановски. Леви бекови: Филип Кузмановски, Павле Атанасијевиќ, Филип Талевски, Емилијан Ѓоргоски, Дејан Кукуловски. Средни бекови: Дамјан Митев, Игор Ѓоргиев, Мартин Карапалевски, Марко Митев, Мартин Ивановски. Пивоти: Милан Лазаревски, Марко Стојковиќ, Самоил Ристевски, Жарко Пешевски, Валентин Карасманакис. Десни крила: Ненад Костески, Ален Ќосевски, Александар Петковски, Никола Костески. Десни бекови: Давид Савревски, Филип Николов, Тимислав Јагуриновски, Мартин Велковски, Димитар Узунчев. Дефанзивци: Михаил Аларов, Никола Маркоски. Г.И.