Штети од град кај лозјата и овошките
Синоќешниот град што го зафати Тиквешкиот регион предизвика штети кај лозовите и овошните насади во селата Паликура и Курија.
- Оштетени се околу 50 хектари лозови и овошни насади. Се препорачува на лозарите после градот да ги третираат лозјата со бакарни средства со цел да се излечат раните врз ластарите во лозјата - рече Драган Николов, советник во подрачната единица...
Украдена биста од основно училиште, вредна илјада евра
Од училиштето „Страшо Пинџур“ во општина Ѓорче Петров била украдена бронзена биста во вредност од 66.000 денари со ликот на македонскиот револуционер.
Како што соопшти МВР, на втори овој месец, во 7:05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје С.С.(40) вработена во училиштето „Страшо Пинџур“ лоцирано на улицата „Лука Геров“ пријавила дека во временскиот период од 30.04 до 2.05.2018 година...
Сообраќајка на автопатот Богородица-Гевгелија, eдно лице загина
Рано утрово едно лице загина во сообраќајна несреќа на делницата од автопатот граничен премин-Богородица-Гевгелија.
- Несреќата се случила околу 3 часот, кога патничко моторно возило „мерцедес“ управувано од М.К. (27) од село Богородица удрило во металната заштитна ограда, при што починал на самото место - соопшти МВР.
Сопатникот М.П. (26) се здобил со тешки телесни повреди и како итен случај со...
Одбележан патронот на манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во Рајчица
Во присуство на голем број верници од повеќе градови од државава, некогашни жители на селото и нивни потомци, денеска беше одбележан празникот Свети Великомаченик Георгиј, патрон на манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица.
Со денешната света архиерејска литургија чиноначалствуваше Архимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, во сослжужение со Бигорското братство и сестринството од манастирот во Рајчица.
На одбележувањето на...
Шешељ одржа митинг во Јарак и предизвика инциденти
Поради силна полицијска блокада, лидерот на српските радикали Воислав Шешељ со активистите не успеа да влезе во селото Хртковци на северот на Србија, но сепак одржа митинг во 7 километри одалеченото село Јарак, при што настана инцидент.
Поради најавениот и забранет митинг на радикалите, селото Хртковци кое има 3.000 жители од утринава е под блокада од 1500 (според медиумите) полицијски сили и...
Магичната карпа во Камен Дол секоја година привлекува многу посетители
За празникот Св. Великомаченик Георгиј Победоносец - Ѓурѓовден и денеска најпосетеното место во Тиквешко беше росоманското село Камен Дол и т.н. „спровирачка за среќа“.
Жителот на селото Тошо Костов изјави дека со векови на овој ден луѓе овде се провираат низ отвор од карпа, верувајќи дека тоа ќе им донесе здравје и среќа. Веруваат во чудната моќ на карпата, која е во...
Кениецот Бивот победник на Скопски маратон
Еванс Кипкемои Бивот од Кенија е победник на годинашниов Скопски маратон со време од 2:14:08 часа. Второпласиран беше неговиот сонародник Џон Лангат, со време од 2.14.57. Трет беше Руто Кипротич од Кенија со 2.28.58.
По трката Лангат изјави дека се обидел да трча во група со неговите сонародници од Кенија, во одреден дел од патеката да бидат заедно, а потоа секој сам...
Опасност од вулканска ерупција на Хаваите
Осум големи процепи се појавиле околу вулкакот Килауеа на Хаваите, при што оган, чад и магма излегуваат од земјата.
Сеизмолозите велат дека активноста на вулканот денеска се забавува, но дека се уште постои опасност од ерупција. Хаваите вчера беа погодени од серија земјотреси, по што се активираше Килауеа. Локалните власти наредија евакуација на населбите во близина на вулканот, за да...
ЖРК Куманово на домашен терен загуби од Металург
Во рамките на 26-тото коло од ракометната женска супер лига ракометарките на Куманово синоќа на домашен терен загубија од екипата на Металург со 23:27 (12:14) со што го доживеаја и десетиот пораз во првенството
Ракометарките на Куманово на синоќешниот натпревар иако во улога на домаќинки пред натпреварот важеа за мал фаворит сепак тие беа поразени од синоќа подобрата екипа на...
Автобусот со број 50 од утре повторно ќе застанува во ГТЦ
Автобуската линија со број 50 од утре повторно ќе застанува на постојката лоцирана во сутеренот на Градскиот трговски центар.
- Привремениот прекин на функционирање на постојката беше поради изведување градежни работи, односно реконструкција на улицата - соопшти ЈСП Скопје.
ЈП „Улици и патишта“ изминатиот период изврши комплетна обнова на улицата, со поставување специјален асфалт кој гарантира одлична состојба на улицата во...








































