Иран ќе одговори на било која одлука на Трамп за нуклеарниот договор

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска најави дека неговата држава е подготвена да реагира на било која одлука што САД ќе ја донесат во врска со нуклеарниот договор. Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека до 12 мај ќе реши дали САД ќе останат во договорот, со кој беа намалени санкциите против Иран во замена за иранското ветување дека ќе ја замрзнат...

Дарио Ивановски победник во полумаратонската трка, а Богдан Цветковски на пет километри

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник во полумаратонската трка на Виз Ер Скопскиот маратон со резултат од 1 час, 9 минути и 10 секунди.  Атанас Анчевски заврши втор со 1.14.44 и трет беше Милош Ранчиќ со 1.15.56. Од жените во генералниот пласман првите три места ги земаа Миљана Ристиќ со 1.29.15, Амела Трозиќ со 1.32.22 и Силвија Шимуновиќ со 1.35.06. По полумаратонот Ивановски...

Седмо издание на Европскиот филмски ден на млада публика

Седмото издание на Европскиот филмски ден на млада публика на кој се избира најдобриот европски филм за деца се одржува денеска. Агенцијата за филм на Р. Македонија во соработка со Европската филмска академија-ЕФА по четврти пат во Скопје го организираат овој настан, кој годинава се одржува во рекорден број од 46 европски градови во 37 земји. Настанот ќе се одржува во Кинотека на...

Спасен уште еден рудар во Полска, четворица остануваат затрупани

Спасувачките екипи во полскиот град Јастржебје успеале да спасат уште еден рудар од седуммината што вчера беа затрупани откако земјотрес го погоди рудникот. Уште четворица рудари се водат како исчезнати во јагленокопот во близина на полско-чешката граница. Над 200 спасувачи и рудари учествуваат во обидите да се пробијат нови тунели до копот во кој се наоѓала групата рудари кога се...

Протест кај Солун поради лошите услови во мигрантските кампови

Неколку стотици бегалци и мигранти сместени во Грција вчера го блокираа автопатот во близина на Солун, во знак на протест против лошите услови во бегалските кампови во близината на градот. Повеќето мигранти со години живеат во импровизирани кампови и се најчесто сместени во контејнери и шатори, а поради силните дождови изминатите денови, дел од нивните живеалишта биле поплавени. Камповите во...

Сообраќајот се одвива нормално и по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на  граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира АМСМ.  Делницата Пршовце - Јегуновце поради изведување градежни работи (асфалтирање) ќе биде затворена за сообраќај до 11 мај годинава.  На регионалниот пат Лешок- Жилче-Шемшово,...

Тракторист повреден во сообраќајна незгода во велешко

Тракторист е повреден синоќа околу 20:00 часот во незгода што се случила на локалниот пат село Клуковец - село Горно Оризари, велешко. Станува збор за 62 - годишен маж од село Клуковец, кој се повредил обидувајќи се да се спаси кога неговиот трактор се излизгал по патот. По укажаната прва помош на екипа од Брза помош при ЈЗУ Здраствен дом Велес, трактористот...

Бојко Борисов: Она што го правиме во Западен Балкан е заради мир

Она што го правиме во Западен Балкан е за мир. Но, за да постои мир, мора да имаме силни вооружени сили и да соработуваме со земјите од Западен Балкан, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на неформалниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ во Софија. Тој оцени дека нема подобро место да се зборува за мир отколку во соба со...

Започна Скопскиот маратон, рекордни 10.000 натпреварувачи

Во Скопје денеска се одржува 14-от Виз Ер Скопски маратон. Пријавени се рекордни преку 10.000 маратонци од 58 земји од светот.  Маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон стартуваат во 8:30 часот, а трката од 5 км во 8:40 часот. Стартот е во центарот на Скопје пред Порта Македонија. Се очекува маратонот да заврши околу 14:00 часот.  На маратонот годинава присуствува и ексклузивната гостинка, светската...

Променливо облачно време, попладне дожд и грмежи

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а од пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни во форма на невреме со можна појава на град. Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната температура од 17 до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува...