Странските инвеститори во земјата засега немаат драстично намалување на нарачките поради случувањата на Блискиот Исток, вели Мизо
Странските инвеститори во земјата засега немаат драстично намалување на нарачките поради случувањата на Блискиот Исток иако укажуваат дека проблем не е само цената на горива, туку постојат ризици од разни аспекти, кои може да се рефлектираат како недостиг на горива, керозин, алуминиум...
- Сè уште немаме видливо директно намалување, иако на неделно ниво понекогаш постојат мали флуктуации на нарачките. Драстично...
Македонија е кредибилен сојузник во НАТО, порача Мицкоски
Македонија е кредибилен сојузник во НАТО и како држава покажавме дека кога е потребно, тука сме да застанеме рамо до рамо со сојузниците - истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.
По отворањето на новата трафостаница „ТС Централна“ во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање, денеска кога се одбележува шест години од членството во НАТО, за тоа дали Македонија е кредибилен сојузник и...
Вардар ЕМ и Наковски Волеј ќе се „судрат“ во женското финале од Купот на ОФМ 2026
Најпријатното изненадување Вардар ЕМ и бранителот на титулата Наковски Волеј ќе се соочат во финалето од Купот на ОФМ 2026 во женска конкуренција, откако на првиот ден од финалниот турнир на 33. издание, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје успешно ја минаа полуфиналната пречка.
„Вардарки“ најавија пред почетокот на Ф4 дека откако претходно елиминираа двајца лански учесници во завршницата Работнички...
Kога ќе заврши лабораториската анализа во РЕК „Битола“, ќе излеземе со детални информации, вели Алиу
Министерот за здравство Азир Алиу нагласи дека кога ќе заврши лабораториската анализа во РЕК „Битола“, каде што се пожалиле на симптоми на труење, ќе излезат со подетални информации.
- ДЗСИ веќе беше на терен. Знаете дека процедурата трае 48 часа. Кога ќе заврши лабораториската анализа, ќе излеземе со информации - рече Алиу на денешната прес-конференција.
Надлежните институции испитуваат што ги предизвикало...
Односите на Русија со европските земји се во криза, истакна Путин
Односите на Русија со европските земји се во криза, а тоа не е вина на Москва, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.
- Јасно е дека односите на Русија со европските земји се во криза, не по наша вина“, рече Путин на состанокот со постојаните членови на рускиот Совет за безбедност - пренесуваат руските медиуми, пренесува МИА.
Според него, Москва никогаш...
Приоритет на Владата е да се обезбедат помали трошоци за живот и повисоки примања за вработените, рече Мицкоски
Приоритет на Владата е да се обезбедат помали трошоци за живот и повисоки примања за вработените, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја анализата на Државниот завод за статистика за исплатените плати во јануари.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека продолжувањето на трендот на раст на платите е позитивен податок, но нагласи дека цел на извршната власт е континуирано...
Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓаните и компаниите, вели Николоски
Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓаните и компаниите, а на државата економски напредок, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на отварање на новата трафостаница „ТЦ Централа” во Скопје, инвестиција на компанијата ЕВН.
Во своето обраќање тој потенцира дека овој проект е пример за заедничка посветеност на Владата и приватниот сектор во реализација на крупни инвестиции и...
Божиновска: Зелената транзиција и модернизацијата се клучни за одржлива енергетика
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со делегација на Светска банка, предводена од Xiaoqing Yu, на која беше разговарано за тековните и идните проекти во енергетскиот сектор.
Фокусот на средбата бил ставен на модернизацијата на системите за централно греење во Битола и Скопје, како и на активностите за забрзување на зелената транзиција и инвестициите...
Ако продолжи растот на цените на нафтата, ќе следи намалување на акцизите и маржите, рече Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно ја следи состојбата со цените на нафтата и најави дополнителни мерки доколку продолжи растот по истекот на тековната интервенција.
Тој посочи дека во моментов е на сила двонеделна мерка за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 проценти, со што директно се влијае врз цените на горивата.
- Ќе ја следиме и понатаму состојбата...
Алиу: Со новиот Закон за лекови побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови
Министерот за здравство, Азир Алиу на денешната прес-конференција го презентираше новиот предлог-закон за лекови, како дел од пошироката реформа на здравствениот сектор.
-Новиот закон има за цел модернизација на системот за лекови и негово усогласување со европските стандарди, со фокус на подобрување на квалитетот на третманот и зголемување на безбедноста на пациентите. Со законското решение се предвидуваат побрзи постапки за...






































