Кривична пријава за злоупотреби со огревно дрво: Буџетот на „Национални шуми“ оштетен за над 3 милиони денари
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против три физички и едно правно лице поради сомнение за повеќе кривични дела, со кои е оштетен буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари.
Според пријавата, правното лице од село во општина Македонски Брод и Б.Б. (21) од Кичево, управител на фирмата, се сомничат за две кривични дела...
Доктор вработен во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец, вели Алиу
Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција откри дека доктор вработен во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец, но притоа не сподели детали за кого станува збор и за која здравствена институција.
- И Министерството за здравство и Владата ги знаат институциите, дозволете институционално да го решиме ова. Не би смеел да ги кажам деталите на...
Медведев: Русија регрутирала над 80.000 луѓе од почетокот на 2026, нема потреба од нова мобилизација
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека од почетокот на 2026 година Русија регрутирала повеќе од 80.000 лица за воена служба.
Во интервју за РИА новости, Медведев посочил дека бројката ги вклучува и волонтерите, како и војниците кои потпишале договори и веќе се распоредени на служба.
- Од почетокот на 2026 година повеќе од 80.000 луѓе потпишале договори...
Одбележан Денот на Генералштабот и шест години членство во НАТО: „Силна Армија за сигурна држава“
Припадниците на Генералштабот на Армијата денеска го одбележаа 28 Март – Денот на Генералштабот, како и шестгодишнината од членството на државата во НАТО.
На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик-министерот Адмир Шабани, како и поранешни началници, генерали и претставници на Министерството за одбрана и Армијата.
Во своето обраќање, Мисајловски им се заблагодари на...
Странските инвеститори во земјата засега немаат драстично намалување на нарачките поради случувањата на Блискиот Исток, вели Мизо
Странските инвеститори во земјата засега немаат драстично намалување на нарачките поради случувањата на Блискиот Исток иако укажуваат дека проблем не е само цената на горива, туку постојат ризици од разни аспекти, кои може да се рефлектираат како недостиг на горива, керозин, алуминиум...
- Сè уште немаме видливо директно намалување, иако на неделно ниво понекогаш постојат мали флуктуации на нарачките. Драстично...
Македонија е кредибилен сојузник во НАТО, порача Мицкоски
Македонија е кредибилен сојузник во НАТО и како држава покажавме дека кога е потребно, тука сме да застанеме рамо до рамо со сојузниците - истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.
По отворањето на новата трафостаница „ТС Централна“ во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање, денеска кога се одбележува шест години од членството во НАТО, за тоа дали Македонија е кредибилен сојузник и...
Вардар ЕМ и Наковски Волеј ќе се „судрат“ во женското финале од Купот на ОФМ 2026
Најпријатното изненадување Вардар ЕМ и бранителот на титулата Наковски Волеј ќе се соочат во финалето од Купот на ОФМ 2026 во женска конкуренција, откако на првиот ден од финалниот турнир на 33. издание, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје успешно ја минаа полуфиналната пречка.
„Вардарки“ најавија пред почетокот на Ф4 дека откако претходно елиминираа двајца лански учесници во завршницата Работнички...
Kога ќе заврши лабораториската анализа во РЕК „Битола“, ќе излеземе со детални информации, вели Алиу
Министерот за здравство Азир Алиу нагласи дека кога ќе заврши лабораториската анализа во РЕК „Битола“, каде што се пожалиле на симптоми на труење, ќе излезат со подетални информации.
- ДЗСИ веќе беше на терен. Знаете дека процедурата трае 48 часа. Кога ќе заврши лабораториската анализа, ќе излеземе со информации - рече Алиу на денешната прес-конференција.
Надлежните институции испитуваат што ги предизвикало...
Односите на Русија со европските земји се во криза, истакна Путин
Односите на Русија со европските земји се во криза, а тоа не е вина на Москва, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.
- Јасно е дека односите на Русија со европските земји се во криза, не по наша вина“, рече Путин на состанокот со постојаните членови на рускиот Совет за безбедност - пренесуваат руските медиуми, пренесува МИА.
Според него, Москва никогаш...
Приоритет на Владата е да се обезбедат помали трошоци за живот и повисоки примања за вработените, рече Мицкоски
Приоритет на Владата е да се обезбедат помали трошоци за живот и повисоки примања за вработените, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја анализата на Државниот завод за статистика за исплатените плати во јануари.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека продолжувањето на трендот на раст на платите е позитивен податок, но нагласи дека цел на извршната власт е континуирано...





































