МВР експресно го расчисти убиството во Охрид, осомничениот приведен во Брвеница
Министерство за внатрешни работи соопшти дека брзо го расчистило денешното убиство во Охрид, при што осомничениот е лишен од слобода, пренесе МИА.
Според информациите, денеска во 17.20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, го привеле Ж.Г. (53), кој се сомничи за кривично дело „убиство“ по член 123...
Системот го носат луѓето: научно-стручна конференција за психофизичката подготвеност во безбедносниот сектор
Факултет за безбедност - Скопје, единица на УКЛО одржа научно-стручна конференција на тема „Психофизичка подготвеност на припадниците на безбедносните институции во Македонија“.
Конференцијата отвори значајни прашања поврзани со психофизичката подготвеност, професионалната издржливост, менталното здравје, физичката кондиција и интеринституционалната соработка во рамки на безбедносниот сектор, со акцент на потребата од современ и сеопфатен пристап во подготовката на кадарот.
На настанот, академски кадри...
Муцунски и Варнс ја потврдија стратешката соработка, во фокус подготовките за дијалог во Вашингтон
Министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски информираше дека остварил средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс.
-На средбата го потврдивме високиот степен на развој на билатералните односи и стратешкото партнерство меѓу двете земји. Во таа насока, разговаравме за продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и за подготовките за вториот...
Г7 бара итен прекин на нападите врз цивили и отворање на Ормуската Теснина
Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 упатија повик за итно запирање на нападите врз цивили во тековните конфликти и побараа од Иран веднаш да ја врати слободата на пловидба во Ормуската Теснина.
Во заедничката изјава, објавена по состанокот во Франција, во кој учествуваа и Соединетите Американски Држави, се нагласува потребата од „итно запирање на нападите против цивилите и...
ЕК разгледува формирање сопствена разузнавачка единица поради зголемени безбедносни предизвици
Еврокомесарот за јавна администрација, Пјотр Серафин, изјави дека Европска комисија ја разгледува можноста за формирање сопствена разузнавачка единица, во контекст на актуелната геополитичка состојба.
-Имајќи ја предвид моменталната сложена геополитичка и геоекономска средина, важно е ЕК да ја зајакне отпорноста на Европска Унија од безбедносните закани - истакна Серафин.
Тој посочи дека Комисијата прави проценки за тоа „како најдобро да ги...
Силјановска-Давкова: Барањата од соседите се надвор од европските критериуми, ЕУ да ја преиспита политиката кон Западен Балкан
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европски демократски студенти, во рамки на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026 што се одржува во Скопје, пренесе МИА.
Во своето обраќање, таа се осврна на кризата на демократијата во Европа и светот, демократскиот дефицит на Европска Унија, како и на растечките безбедносни закани и исклученоста на земјите од Западен Балкан...
Невреме во Хрватска: Оштетени училишта и градинки, властите апелираат на претпазливост
По силното невреме што ги погоди Загреб и делови од Хрватска, премиерот Андреј Пленковиќ апелираше до граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните служби и најави помош за санирање на штетите.
-Апелирам до сите да ги следат упатствата. Ќе му помогнеме на Градот во санирањето на штетите, како и секогаш. Има голема штета. За среќа, никој не е повреден, нема...
Кривична пријава за злоупотреби со огревно дрво: Буџетот на „Национални шуми“ оштетен за над 3 милиони денари
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против три физички и едно правно лице поради сомнение за повеќе кривични дела, со кои е оштетен буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари.
Според пријавата, правното лице од село во општина Македонски Брод и Б.Б. (21) од Кичево, управител на фирмата, се сомничат за две кривични дела...
Доктор вработен во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец, вели Алиу
Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција откри дека доктор вработен во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец, но притоа не сподели детали за кого станува збор и за која здравствена институција.
- И Министерството за здравство и Владата ги знаат институциите, дозволете институционално да го решиме ова. Не би смеел да ги кажам деталите на...
Медведев: Русија регрутирала над 80.000 луѓе од почетокот на 2026, нема потреба од нова мобилизација
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека од почетокот на 2026 година Русија регрутирала повеќе од 80.000 лица за воена служба.
Во интервју за РИА новости, Медведев посочил дека бројката ги вклучува и волонтерите, како и војниците кои потпишале договори и веќе се распоредени на служба.
- Од почетокот на 2026 година повеќе од 80.000 луѓе потпишале договори...








































