Блескавата национална награда „автомобил на годината“ официјално доделена на брендот „Дачија“ за моделот „дастер“
По 23-ти пат Македонија го доби автомобилот на годината. Завчеравечер, за време на свечената манифестација во винарницата „Камник“, на која присуствуваа голем број гости, пријатели на импортерот и љубители на автомобилите официјално беше доделена блескавата статуетка на брендот „Дачија“, за најновиот модел „дастер“.
Претседателот на стручното жири, по своето обраќање и образложување на одлуката во име на жирито, Горан Антевски,...
Увозното месо не смее да му конкурира на домашното производство
Одлуката за укинувањето на царинската давачка за увоз на замрзнато свинско месо нема да го наруши домашното производство на свежо свинско месо, велат од МЗШВ, бидејќи се работи за привремена мерка, а увозот ќе биде строго контролиран и наменет исклучиво за потребите на месната индустрија како суровина
Укинувањето на царинската давачка за увоз на замрзнато свинско месо треба да придонесе...
Ерупција на најактивниот вулкан во Индонезија
Вулканот Мерапи во Индонезија утрово исфрли пепел и друг вулкански материјал во висина од 5.500 метри.
Нема информации за жртви, а локалната власт апелираше да се евакуира населението кое живее пет километри од кратерот.
Вулканот Мерапи на индонезискиот остров Јава висок е 2.968 метри и е најактивен од 500 вулкани во Индонезија. При последната ерупција на Мерапи во 2010 година загинаа...
Црногорци работат на плантажи марихуана за дневници од 900 долари
Откако на 1 јануари во Калифорнија се легализираше марихуаната за рекреативна употреба, во таа американска држава рапидно порасна производството на марихуаната како и потребата за работна сила.
Поради недостатокот на работна сила Калифорнија нуди дневници од 900 долари, што е далеку над просекот во нашата држава.
-Работењето на плантажи зазеде голем замав во Црна Гора, каде работниците ги кратат стеблата, велат...
Непобитни исти факти – различни вистини
Да продолжат или да прекинат преговорите околу „разликата“ за името на нашата држава (3)
Пишува д-р Гале Галев
Втората половина на 19 век, погледната од аспект на пројавениот интерес кон балканските територии од Отоманското Царство изобилува со богат дипломатски материјал. За наши потреби упатуваме на содржината на документот од кој јасно ќе се види како во тоа време се гледало...
Албанскиот евровизиски претставник забранет во Кина
Евровизискиот претставник на Албанија иако успеа да и обезбеди на својата земја влез во големото финалето, кое се одржува утре, сепак неговиот настап беше забаранет и спорен во Кина.
Кинеската телевизија во вторникот, во првата полуфинална вечер, не ја емитувала ирската песна поради хомосексуална содржина, а албанската песна била забранета затоа што пејачот има тетоважи. Знаме со виножитото на ЛГБТ...
Командант Хоџа му откажа на Заев
Џезаир Шаќири, алијас „командант Хоџа“, кој веќе неколку дена се наоѓа во центарот на вниманието на македонската јавност откако стана надворешен соработник на премиерот Зоран Заев за борба против радикализмот, денека потврди дека ја напушта оваа функција.
- Причината за тоа лежи во фактот дека медиумите во Македонија кренаа преголема врева за ова назначување. Единствениот политичар во Македонија што ми...
Судовите и медиумите ги унапредуваат односите
„Известување за правдата: патоказ за унапредување на судско-медиумските односи за судии и новинари“ е темата на расправата на дводневната работилница што во организација на Здружението на судии на РМ и Амбасадата на САД во Македонија се одржува во Охрид.
Дејвид Стивенсон, експерт по право од Американската амбасада, во обраќањето пред судиите и новинарите учесници на работилницата нагласи дека главна валута...
„Странци“ – нова претстава на Драмски театар
Фасцинантна, моќна приказна со сосема поинаква естетска димензија, остварување кое ќе биде вид бренд и кое, покрај актуелната, ќе донесе нова, поразлична публика. Вака Драмски театар денеска на прес-конференција ја најави најновата претстава „Странци“, во режија на Нела Витошевиќ чија премиера е закажана за утревечер во 20 часот.
Текстот е по сценариото на италијанскиот филм „Перфектни странци“, а играат Игор...
Хрватска расправа за воведување на еврото како официјална валута
На седница на хрватската Влада се водела расправа за воведување на еврото како официјална валута, меѓутоа, се уште нема најави за точен датум.
- Оваа недела е најдобар тајминг и важна порака за Хрватска за преземање обврска за воведување на еврото штом ќе бидат исполнети сите услови. Треба многу да се работи на едукација на јавноста на оваа тема. Ќе...








































