Откако на 1 јануари во Калифорнија се легализираше марихуаната за рекреативна употреба, во таа американска држава рапидно порасна производството на марихуаната како и потребата за работна сила.

Поради недостатокот на работна сила Калифорнија нуди дневници од 900 долари, што е далеку над просекот во нашата држава.

-Работењето на плантажи зазеде голем замав во Црна Гора, каде работниците ги кратат стеблата, велат во БИРН, независна новинска истражувачка куќа.

Пристигнувањето во САД оди преку легална процедура со виза, но луѓето се вработуваат на црно.

Илегалната работа, велат од БИРН е тешко да се открие, бидејќи плантажите се наоѓаат во изолирани делови на Калифорнија.

Податоците од „Бизнис Инсајдер“ говорат дека пазарот со марихуана во Калифорнија достигна вредност од три милијарди и 700 милиони долари, откако се прошири легалната употреба на овој опијат. Всушност, Калифорнија уште од 1996 година ја легализираше марихуаната за медицински цели, а од оваа година е дозволено нејзино рекреативно уживање.

Најмногу плантажи има во округот Хумболд, каде од 15о илјади жители десет работат на плантажи за марихуана. На плантажите најмногу работат Црногорци, Албанци и Бугари кои се и дел од сопствениците.

Годишно според БИРН, околу 3000 илјади црногорсаки државјани добиваат виза за влез во САД.