Женски протест на црвениот тепих во Кан
На црвениот тепих на Канскиот фестивал денеска ќе прошетаат 82 жени за да го свртат вниманието на ограничениот број режисерки што се наоѓаа во натпреварувачката програма на фестивалот во текот на 71 година од неговото постоење.
Меѓу нив ќе бидат Клаудија Кардинале, Марион Котијар, Салма Хајек, Џејн Фонда, режисерките Пети Џенкинс и Тони Маршал, како и француската режисерка Агнес Варда,...
Вооружен напад во Бурунди, убиени 26 цивили
Најмалку 26 цивили се убиени во вооружен напад врз село на северозападот на Бурунди, јавуваат медиумите.
Според министерот за безбедност Ален Гијом Буњони, масакрот е извршен од „терористичка група“.
Локалните власти додаваат дека бројот на жртвите би можел да биде и поголем бидејќи потрагата за настрадани лица продолжува.
Очевидец тврди дека нападот бил извршен со пушки и ножеви, а напаѓачите запалиле и...
НАСА испраќа хеликоптер на Марс
Американската вселенска агенција НАСА ќе испрати хеликоптер на Марс, во рамки на мисијата Марсовски ровер, чие лансирање се планира за 2020 година.
- Идејата за хеликоптер што го надлетува небото на друга планета е возбудлива – соопшти НАСА.
Дизајнот на хеликоптерот за Марс е развивана последните четири години во лабораторијата на НАСА.
Целта е да се добие поглед од птичја перпектива на...
Дете каснато од расно куче
Деветгодишно дете синоќа во Скопје било каснато од куче, при што добило видливи повреди на десната подлактица.
Според полицијата, синоќа Г.Д. (41) пријавила дека околу 19 часот на улицата Франц Лист од расно куче во пределот на десната подлактица бил каснат нејзиниот деветгодишен син, при што му биле нанесени видливи повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Со „Комуницира.ме“ секој ќе го има знаковниот јазик в џеб
„Комуницира.ме“ е бесплатна апликација, што им овозможува на сите да комуницираат со лицата со оштетен слух и да го научат македонскиот знаковен јазик. Таа ќе им овозможи интеграција на лицата што комуницираат со овој јазик во рамките на институциите, на работното место и во неформалното опкружување. Со апликацијата секој може да ги научи најпотребните фрази и азбуката на македонскиот...
Стинг: Носталгичниот рок-ветеран од „Полис“
Бренд-концепти: Музички икони (14)
Стинг е музичар, кантавтор, актер, гитарист, продуцент и е еден од ретките преостанати музички ветерани, кого вреди и понатаму внимателно да го слушаме, затоа што создава полнокрвен поп-рок. Вистински рок-ветеран што со носталгија нѐ потсетува на светлите и славни времиња на рок-музиката. Уште многу одамна тој е мојот фаворит во сенка, кога се во прашање познатите...
„Та неа“: Договор сега, ерга омнес со грејс период
Постигнување договор сега и постепено комплетирање за две години се двете карактеристики на сценариото што се наоѓа на маса кое го објавува саботното издание на грчкиот весник „Та неа“.
- При првото читање, најважниот елемент на оваа верзија на договорот е појавувањето на намерата на соседите да го прифатат за севкупна употреба (ерга омнес) името што ќе се договори (преовладуваат...
Промоција на „Земја на бегалци“ од Кица Колбе
Вечерва 20 часот во „Кино култура“ ќе се одржи промоцијата на романот „Земја на бегалци“ од Кица Колбе, кој излезе неодамна во издание на „Или-или“. Разговорот со авторката ќе го води Владимир Јанковски.
За „Земја на бегалци“, Лидија Капушевска-Дракулевска напиша: „Централна тема е разорната сила на војната и бегството, која не ги остава на мир оние што се спасиле, но...
Литературна манифестација „Илинден 2018“
Во насока на промовирање на современите културни достигнувања, општината Илинден од 15 до 19 мај ќе ја организира 19-та литературна манифестација „Илинден 2018“, која ќе биде отворена во вторник во 19 часот, во домот на културата „Илинден“, а централниот настан - поетскиот митинг „Стихови за душата“ ќе се случи на 18 мај, во 19 часот, со настап на триесетина...
Европскиот кубист Ибрахим Кодра во „Чифте-амам“
Националната галерија на Македонија (НГМ) вечерва, во 20 часот, во „Чифте-амам“ ќе ја отвори изложбата на дела од Ибрахим Кодра, еден од најзначајните ликовни уметници од Албанија, по повод 100 години од неговото раѓање. Ќе бидат претставени 57 дела, главно масло на платно, кои ги отсликуваат сите фази од творештвото на Кодра (1942-2005 година). Дипломирал на академијата „Брера“ во...








































