Владата на ХДЗ зависи од оставката на министерката за економија

Коалициските партнери на ХДЗ вчера одржаа состанок со премиерот Андреј Пленковиќ, на кој била разгледана опцијата за оставка на министерката за економија, Мартина Далиќ, откако во јавноста беа објавени мејловите со кои таа разменувала доверливи информации со сопствениците на брокерски куќи, адвокати и консултанти што биле ангажирани на изработка на посебниот закон за санација на „Агрокор“. - По овие мејлови...

СПЦ: Никој не смее да го подарува КиМ

Нашите државници не смеат никогаш да се согласат на отуѓување на Косово и Метохија затоа што она што ќе му се поклони некому тоа засекогаш е изгубено, а тоа Србите и Србија не смеат да го дозволат, ова е ставот на Српската православна црква, кој бил изнесен на последниот Свети архијерејски сабор. Во јавноста се сретнува идејата за поделба на...

Велешкиот театар на фестивал во Бугарија

Театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ од Велес на 17 мај ќе настапи на Интернационалниот театарски фестивал на претстави за деца „Волшебната завеса“ во Трговиште, Бугарија, со „Волшебникот од Оз“ од Лајмен Френк Баум, во драматизација на Катерина Момева и режија на Александар Ивановски. „Волшебникот од Оз“ е претстава за универзалните доблести - мудроста, способноста да се сака и храброста. Базирана...

Белград се подготвува за завршната фаза за Косово

Политичките директори на моќните европски земји во САД ја дефинираат конечната понуда за спорот меѓу Србија и Косово Претставниците на САД, Германија, Италија, Франција и на Велика Британија во Вашингтон водат консултации за последната фаза од преговорите меѓу Белград и Приштина, која треба да заврши со спогодба за нормализација на односите. Овој документ би требало да биде потпишан најдоцна за...

Иванов: Сега е време за Европа 3.0

Наместо да констатираме проблеми, треба да нудиме креативни решенија, истакнал претседателот Ѓорге Иванов на денешниот Глобален форум за лидерство што се одржува на Универзитетот „Бахчишехир“ во Истанбул. Во своето обраќање тој посочил неколку предлози со кои би се подобрил светскиот поредок. Покрај потребата од нова глобална етика, Иванов ја посочил и потребата од отворена дебата во мултилатералните...

Нашата администрација е обемна и неефикасна

На 21 јануари 2011 година до општината Кисела Вода поднесов барање, придружено со соодветна документација, за приватизирање на земјиштето на кое се наоѓа мојот стан. Според интензивната кампања што се спроведуваше тогаш, до истекот на рокот остануваше уште малку време и јас, како совесен граѓанин, побрзав документите да ги поднесам навреме. Владата тогаш нѐ убедуваше дека оние граѓани што...

Грмотевици, пороен дожд и силен ветер најавува УХРМ за утре

Нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавува за утре УХМР. Според метеоролозите, локално процесите се очекува да бидат поинтензивни. - Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет - наведува Управата за хидрометеоролошки работи.

Деветти мај, три во едно

Октроираната власт го остварува сценариото на изопачената моќ: укнување на Република Македонија и на македонскиот идентитет преку промена на името, укинување за севкупна употреба. Ќе се отвора устав, ќе се менуваат учебници по историја, најверојатно и топоними низ татковината. Останува уште Грција да побара секој Македонец да потпише договор дека си ја продава душата, а нашиве квислинзи да прифатат ЈАС: Ало,...

Преку регионален пазар до пониски цени на електричната енергија за потрошувачите

Единствениот пазар на електрична енергија е најдобар начин за зголемување на транспарентноста и конкурентноста меѓу сите учесници на пазарот - производители, снабдувачи и трговци зашто за сите нив важат правилата. Конкурентноста создава простор за технолошки иновации и нови вложувања кај сите учесници. Тоа ќе значи конкурентни цени на струја за потрошувачите, како што покажуваат искуствата на западноевропските земји каде...

Намалувањето на февруарската плата е сезонски, а не економски ефект

Иако е забележан значителен пад на месечно ниво, сепак се одржува веќе почнатиот тренд на годишен раст од претходно, за 3,6 отсто. Претходно, во јануари оваа година, годишниот раст изнесувал 5,6 отсто, поради што нето-платата првпат се искачила над 24.000 денари Просечните примања на македонските работници бележат пад за околу 900 денари за месец февруари во однос на јануари. Просечната...