„Св. Кирил и Методиј“ неработен ден за сите граѓани
„Св. Кирил и Методиј“ - Денот на сесловенските просветители, 24 мај , е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството на граѓаните на Република Македонија им го честита празникот.
Селото Довезенце го одбележа празникот Спасовден
Жителите на кумановското село Довезенце и годинава го одбележаа големиот христијански празник Спасовден.
Прославата традиционално и оваа година се одржа во пазувите на планината Еленац (н.в.463м) кај местото Крстче, близу до селскиот кладенец.
За оваа голема прослава на селото жителите изградиле и посебен објект во кој се приготвува и служи храна.
На прославата присуствуваше и свештено лице кое службено по каноните на...
Ципрас: Уште не сме во позиција да говориме за договор
Верувам дека имаме поминато голем дел од патот, но има уште пат да се помине, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на прес конференцијата во Софија и додаде дека се уште не сме во позиција да говориме за договор.
- Ги разгледуваме чекор по чекор сите детали. Не сме, се уште не сме во позиција да говориме за договор. Ќе постојат...
Создавањето на ѕвездите започнало 250 милиони години по Големата експлозија
Откако открија траги од кислород, јапонски астрономи дојдоа до сознание дека ѕвездите во галаксијата МАКС-1149-ЈД-1 се образувале 250 милиони години по Големата експлозија - доста кус период од вселенска гледна точка.
Овие траги од кислород се најраните откриени во Вселената. Светлината, којашто доаѓа од галаксијата патувала 13,28 милијарди светлосни години пред да дојде до Земјата. Една светлосна година е растојанието,...
Сугарески: Потребно е инвестирање во сообраќајното транспортно инженерство
Зголемено искористување на современите информациско комуникациски технологии што се употребуваат во транспортот, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на втората Меѓународна Конференција на тема „Транспортот во денешното општество“ што се одржа на Техничкиот факултет во Битола.
Според Сугарески, за да нема техничко и технолошко заостанување зад развиените држави потребно е инвестирање во сообраќајното транспортно инженерство.
- Новата технологија...
ЕК тужи шест земји членки на ЕУ поради загадување на воздухот
Европска комисија одлучи да поднесе тужби пред Европскиот суд за правда против Германија, Франција, Унгарија, Италија, Романија и Велика Британија поради кршење на одредбите за квалитетот на воздухот.
Франција, Германија и Велика Британија ќе бидат тужени поради непочитување на ограничувањето на азот диоксид, а Унгарија, Италија и Романија бидејќи не успеале да го намалат нивото на штетни честички.
Додека Шпанија, Словачка...
Скопјанец измамен од лажен доктор
Скопјанец вчера околу 13:00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза" бил измамен од непознат сторител кој му се претставил како доктор и му се понудил да и помогне на неговата болна сопруга за одреден надомест.
Како што информира МВР, додека Б.В. (63) од Скопје чекал со неговата сопруга во Одделот за ортопедија, непознато лице му се претставило како доктор вработен во...
Жртвата на сомнителни полициски методи ја дочека правдата по 27 години
Американецот што отслужи 16 години во затвор поради убиство, пред пресудата да биде поништена, плачеше држејќи ги рацете на судијката во Бруклин, во вторникот, кога дозна дека нема повторно да биде суден за злосторството, пишува „Њујорк пост“.
- Не признаваат дека сум невин, но јас сум невин човек. Јас отсекогаш бев невин човек - кажа Џон Бан во обраќањето до...
Музиката на моето детство
Ако љубовта кон музиката е вткаена во синџирот на ДНК, јас сум сакала сериозна музика уште пред да се родам. Мајка ми и татко ми, обајцата пасионирани вљубеници во сериозната музика и нејзини врвни познавачи, ме внесоа во тој универзум на бескрајна убавина. За еден роденден во раното детство од нив на подарок ја добив плочата „Петја и волкот“...
Промовирана веб страница со стари и ретки книги за македонскиот јазик
Истражувачкиот центар за ареална лингвистика (ИЦАЛ) при МАНУ промовираше веб-страница на Дигиталниот архив на македонскиот јазик (damj.manu.edu.mk) што е подготвуван во изминатите десет години.
Во дигитална форма се објавени 50-ина стари и поважни ретки книги за македонскиот јазик - граматики, правописи, споредбени студии, монографии, дијалектни материјали.
Тука е Македонската граматика на Круме Кепески од 1946 и Македонскиот правопис на...






































