„Последниот чувар на островот Елис“ на македонски

Издавачката куќа „Антолог“ го најавува објавувањето на романот „Последниот чувар на островот Елис“ од француската писателка Гаел Жос. Романот е добитник на Наградата за литература на Европската Унија во 2015 година. Преводот на македонски е на Маргарита Терзијан-Маленкова. Преку неколку човечки судбини, Гаел Жос говори за судбините на милиони луѓе, кои во името на подобра иднина го оставиле највредното за...

СЈО побара да се прогласат за виновни Груевски и Поповски во процесот „Тенк“

Специјалното јавно обвинителство во завршните зборови за предметот „Тенк“ бара судот да ги прогласи за виновни поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник-министер во МНР Ѓоко Поповски, како и да ги платат судските трошоци во висина од 313.160 денари. Обвинитгелот Гаврил Бубески во завршните зборови побара судот при утврдување на кривичната одговорност на обвинтетите да ги имаат предвид отежнителните околности...

И во Македонија ќе се извршува несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки

Целосно реновираниот Оддел за трансплантација денеска е отворен на Универзитетската клиника за хематологија во Скопје и во него првпат во Македонија и пошироко ќе се извршува несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки, која е една од најсофистицираните тераписки процедури во современата медицина. Пациентите од сега веќе не мора да одат во странство за ваква трансплантација. Министерот за здравство Венко Филипче денеска...

Надрилекарствата закана за истребување на лилјаците од Темната пештера

Лекот направен од лилјак, потопен во литар масло што отстојал три недели лекува увоболка, а пак, крв од лилјак капната на вратот помага за добивање пород. Ова се само некои од рецептите што ги прават надрилекари, а дебело ги плаќаат суеверни граѓани што веруваат дека ќе се излекуваат од најтешки и неизлечиви болести, дека брзо ќе го пронајдат својот...

Промовирана „Пинокио и вештерката“ на Наташа Димитриевска

„Пинокио и вештерката“ е насловена новата, трета по ред книга на авторката Наташа Димитриевска, која завчера ја доживеа својата промоција во кафулето „Амигос“ на улицата Македонија. - Овој роман јасно порачува дека за лошите постапки нема оправдување. Но авторката е сепак оптимистичка, кога на Пинокио, кој всушност е аматер во споредба со луѓето, кога станува збор за лагата, му го...

Прилепски театар со „Обѕрни се во гнев“ гостува во Бугарија

Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Обѕрни се во гнев“ во режија на Kристина Димитрова утре гостува на Фестивалот на малите театарски форми во Враца, Бугарија. Ова е еден од најстарите театарски фестивали во Бугарија, со долгогодишна историја. Автор на текстот е Џон Озборн, а режијата е на Кристина Димитрова. Сценографијата и костимите се на Илина Ангеловска, музиката на Дарија...

Анастејжа со својот моќен глас и ведрина ги одушеви скопјани

На бис Анастејжа испеа песна посветена на нејзините обожаватели, насловена „My Everything“, со која ѝ се заблагодари и на скопската публика, а крајот на концертот го означи нејзиниот најголем хит „I’m Outta Love“ Американската пејачка Анастејжа, чиј заштитен знак е моќниот црнечки глас, која досега продала сто милиони албуми во целиот светот, завчеравечер одржа концерт за паметење во арената „Борис...

Каде да се гради охридската марина

Чувствувам обврска да им обрнам внимание, а со тоа и да им помогнам на охриѓани во врска со проектот за марина на делот пристаниште - Билјанини извори. Прво да ви се претставам. Јас сум ресенчанец од мајка охриѓанка. Како дете летото го минував кај мојата тетка и тетин Паскали на Сараиште. Деновите ми минуваа кај чуновите, рибарските мрежи, со игрите...

Заев со Меркел: Чекаме храбри одлуки од ЕУ и НАТО

Граѓаните на Република Македонија делат исти европски вредности и заслужуваат индивидуална проценка за напредокот врз основа на постигнатото, рече денеска премиерот Зоран Заев, кој на Самитот на ЕУ за Западен Балкан оствари средба со германската канцеларка Ангела Меркел. - Република Македонија со активности на прогресивните политички сили во земјата направи квантен скок и од „заробена држава“ се врати на патот...

Прошетка низ палатите на старо Скопје за Денот на музеите

По повод Меѓународниот ден на музеите, 18 мај, влезот во Музејот на Македонија утре ќе биде бесплатен. Во таа пригода, на посетителите ќе им биде подарена по една публикација. По истиот повод, заедно со илјадници музејски институции низ целиот свет, Музејот на Македонија и годинава ќе учествува во манифестацијата „Ноќ на музеите“. Овој значаен настан посветен на движното културно...