Едукативна тура низ „Палатите на старо Скопје“

Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хамеус“ денеска организира едукативна тура низ „Палатите на старо Скопје“. Во рамките на оваа прошетка е вклучен едукативен дел за таканаречените палати на старо Скопје кои се наоѓаат во самиот центар на градот и во нивната архитектура може да се забележат влијанијата на многу европски стилови, како што се експресионизмот, арт нуво,...

Вардар го одбрани трофејот во Купот

Ракометарите на Вардар се победници на Купот на Македонија, откако попладнево го совладаа Металург со 30-26, во финалето во Битола. Вардар е првиот клуб со пет триумфи едноподруго во националниот куп. Воедно, „црвено-црните“ ја освоија четвртата двојна круна по ред и вкупно 13-та во Купот. Двата натпревари од Купот на Македонија беа последни средби за Вардар пред настапот на фајналфор-турнирот во Келн,...

Од понеделник акција за собирање кабест отпад во Аеродром

На територијата на општина Аеродром од понеделник до среда ќе се реализира акција за собирање кабест отпад. Од општината ги повикуваат граѓаните во текот на викендов да го остават кабeстиот отпад пред своите домови или до најблискиот контејнер. Под кабeст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и...

Иванов: Кога ќе го добијам предлогот писмено ќе дадам став

Шефот на државата Ѓорѓе Иванов бара на писмено да го добие она што досега е разговарано во преговорите со Грција, а потоа ќе се изнесе во однос на предлогот кој денска по лидерската средба го објави премиерот Зоран Заев како можно решение, Република Илинденска Македонија. Не сакаше да изнесе ниту личен став како граѓанин на Македонија, а не како институција...

Заев: Република Илинденска Македонија е името за можен компромис со Грција

Република Илинденска Македонија е опцијата, која ја разгледале како најприфатлива македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас на преговорите во Софија, а за кој денеска премиерот Заев ги информирал учесниците на лидерската средба во Скопје.  - Информирав за последната фаза од преговорите за спорот за името. Со целосна одговорност, внимателност и посветеност на државните интереси ги информирав претседателот...

„Европа“ главен кандидат за вонземен живот

Јупитерската месечина Европа е главен кандидат за вонземски живот, објавија научниците, бидејќи две децении темелно ги проучувале старите податоци за вселенските летала на Галилео. Тоа вселенско летало на американската вселенска агенција (НАСА) било прво што влегло во орбитата на гигантскиот планетен гас во 1995 година. Но, читањата испратени од Галилео долго време биле збунувачки за научниците. Тие се убедени дека...

Во центарот на Скопје утре посебен сообраќаен режим поради „Прв до врв“

Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје поради утрешното шестто издание на  спортско рекреативна трка „Прв до врв“. Во периодот од 9:40 до 12:45 часот ќе се одржи шестото издание на спортско рекреативна трка „Прв до врв“ организирана од страна на Здружение за спорт и рекреација. Спортско...

Две жртви и многу повредени во пукање во германскиот град Сарбрукен

Две лица се убиени и многумина се тешко повредени откако маж отворил оган во германскиот град Сарбрукен, јавија германските медиуми повикувајќи се на локалната полиција. Инцидентот се случил попладнево во квартот Фехинген, а извршителот бил уапсен на лице место. Претставник на полицијата изјави дека инцидентот бил поврзан со семејно прашање. Мажот испукал многу куршуми во и околу куќата, а мотивите за нападот...

Спречен шверц на голема количина лекови од Македонија за Црна Гора

На граничниот премин Долно Блаце завчера е спречен шверц на голема количина  лекови која требало да се пренесе од Македонија кон Црна Гора. Како што соопшти МВР, на 17 мај на преминот „Долно Блаце“ на излез од Македонија, во патничко моторно возило „Шаран“ со македонска национална ознака е пронајдена поголема количина лекови која требало да се пренесе од Македонија кон Црна...

Захариева: Средбата за Западен Балкан беше неоспорен успех

Кога има непобитен успех, нешто што не се случило 15 години на европска сцена, а тоа се случува во Бугарија, по идеја и иницијатива на Бугарија, апсурдно е да се каже дека ништо не се случило. Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева по повод самитот меѓу лидерите на Европската унија и нивните колеги од Западен Балкан,...