Куба формира специјална комисија за утврдување на причините за авионската несреќа

Кубанскиот претседател Мигел Диаз-Канел изјави дека е формирана специјална комисија која ќе ги утврди причините за авионската несреќа во која загинаа најмалку 110 лица. Истражувачите ги прегледуваат остатоците од авионот со дел да најдат евентуални траги за причините за падот на авионот.     Авионот од типот „Боинг 737-200“, на мексиканската компанија „Дамох Аеролинес“, изнајмен од кубанскиот авиопревозник „Кубана де Авиасион“, се урна...

Конте: Да се ​​дојде до финалето во ФА по втор пат по ред е голем успех

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, пред финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед, изјави дека и самиот пласман на завршниот дуел од ова натпреварување што неговиот тим го обезбеди втора година по ред е големо достигнување. - Голем успех е за моите играчи и за навивачите што втор пат по ред сме во финалето. Очекуваме многу тежок натпревар со Манчестер...

„Блиц“: Хашкиот осуденик Шешељ пак ги провоцира Хрватите во Србија

Лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, кој е осуден за злосторства против човештвото извршени во текот на 1990-тите години во Војводина, купи куќа во Хртковци, место кое е синоним за прогон на Хрватите во Срем во Војводина, пишува белградски „Блиц“. „Лидерот на радикалите се враќа меѓу луѓето што ги прогонуваше“, е наслов на текстот во кој се наведува дека...

Свадбена церемонија на принцот Хари и Меган Маркл

Британскиот принц Хари и американската актерка Меган Маркл го кажаа судбоносното „да“ во капелата во дворецот Виндзор. Меган до олтарот ја испрати таткото на младоженецот, британскиот престолонаследник принцот Чарлс. Церемонијата почна откако британската кралица Елизабета Втора, во придружба на принцот Филип, и принцот Чарлс и војвотката Камила пристигнаа во црквата. Претходно, принцот Хари, кој е шести по ред за наследство на британскиот...

Николовски: Посветени сме на развојот на пчеларството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој учествува на меѓународна министерска конференција во Словенија посветена на пчеларството, порача дека оваа гранка е многу значајна за земјоделскиот сектор и оти македонската Влада е посветена на нејзиниот развој.  Тој посочи дека Македоија се одликува со сопствен автохтон род пчели, а бројот на пчелини семејства е проценет на околу 90.000. -  Земајќи ги...

Почна лидерската средба за текот на преговорите за името

Во Клубот на пратеници почна лидерската средба, на која премиерот Зоран Заев ќе ги информира претседателот Ѓорге Иванов и лидерите на партиите за деталите од средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас и за можноста да се даде шанса за евентуално решение што би било прифатливо за двете страни. На средбата присуствуваат претседателот Ѓорѓе Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на...

Џон Бон Џови: посакувана рок-ѕвезда, нежен сопруг и горд татко

Кога една музичка група само во САД ќе продаде повеќе од 40 милиони албуми, а низ целиот свет околу 130 милиони, нема сомнение дека се работи за голем бенд. Токму таква успешна дружина се момците од „Бон Џови“, рок-група од САД, основана во 1983 г., во Сејревил, Њу Џерси. Нејзини членови се пејачот, гитарист и водач Џон Бон Џови,...

Откриена нелегална обложувалница во тетовско Теарце

Технички средства и одредена количина на денари и американски долари одзела полицијата по вчерашната контрола во објект без фирма во тетовското село Теарце што без потребните документи работел како обложувалница информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Според неговите податоци контролата во објектот била спроведена вчера 15 минути пред 16 часот и тука како вработен бил затекнат А.И.(24) од Јажинце...

Во Илинден промовирана книгата „Сончев дворец“ на Перо Миленкоски

На годинашното 19-то издание на литературната манифестација „Илинден“ беше промовирана најновата поетска стихозбирка „Сончев дворец“ на писателот Перо Миленкоски, што ја издаде книгоиздателството „Александар/Александар“. Миленкоски својот професионален пат го почна како учител, а потоа долги години работеше како соработник, а потоа и уредник на додатокот за деца „Колибри“ во весникот „Нова Македонија“. Стихозбирката „Сончев дворец“ е најобемен ракопис на Миленкоски,...

Промоција на монографија во Пробиштип

Денеска во Пробиштип ќе се одржи промоција на монографија „Генерациско заедништво и почит“, спомен-книга на генерацијата ученици од Рударското геолошко техничко училиште (РГТУ) од Пробиштип. Станува збор за монографија на ученици од учебната 1968/69 година до 1973 година, кои годинава одбележуваат 45 години од матурирањето. Автор на монографијата е Стојан Стефановски Лесновски, новинар и публицист од Пробиштип, наедно и професор...