Мадуро фаворит на претседателските избори во Венецуела

Во Венецуела денес се одржуваат претседателски избори каде што се очекува сегашниот левичарски шеф Николас Мадуро да победи. Критичарите на овие избори веруваат дека Мадуро практично си обезбедил победа, забранувајќи им на двајцата најпопуларни ривали да учествуваат, а изборната комисија е составена од провладини членови. Поранешниот гувернер Анри Фалкон за разлика од другите опозициски партии го прекинал својот бојкот на изборите...

Грција е на пат да излезе од должничка криза

Европската комисија соопшти дека Грција постигнала договор со своите меѓународни кредитори за пакет реформи. Комисијата соопшти дека Грција ќе ги претстави реформите на состанокот на министрите за финансии од еврозоната - Еврогрупата, на 24 мај и ќе ги спроведе реформите пред другата средба на 21 јуни. Не се соопштени повеќе детали. Грција е на пат да излезе од должничка криза, која...

Мун и Трамп разговарале за Северна Кореја

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, со цел одржување на самитот САД-Северна Кореја, откако Пјонгјанг се закани дека ќе се откаже. Мун и Трамп размениле ставови за најновите реакции на Северна Кореја, и се договориле дека тесно ќе соработуваат со цел успешно одржување на самитот на Северна Кореја и САД кој е закажан за...

Кина спроведе воени вежби со тешки бомбардери на остров во Јужното Кинеско Море

Кинески бомбардер со голем дострел за првпат изврши полетувања и слетувања од и на остров во Јужното Кинеско Море, соопшти весникот „Женмин жибао“. Во соопштение на Министерството за одбрана во Пекинг стои дека вежбите биле спроведени на остров, без да наведе каде и кога. Во документот само се информира дека вежбите биле неодамна и во „зоната на морето на југ“. Во...

Европа, Кина и Русија разгледуваат нов договор со Иран

Дипломати од Европа, Кина и Русија разгледуваат нов договор со Иран во надеж дека ќе го спасат нуклеарниот договор од кој САД се откажаа. Новиот договор предвидува финансиска помош за Иран, а за возврат Техеран да го ограничи создавањето балистички ракети и своето мешање во земјите од регионот, пишува германскиот весник „Билд ам Зонтаг“. Дипломатите ќе се сретнат следната недела во...

Ќе стане ли Анита Ангеловска- Бежоска прва жена гувернер на Народната банка

Седумгодишниот мандат на гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов истекува утре. Според предлогот на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој треба да биде поддржан од најмалку 61 пратеник во Собранието, Богов треба да го наследи Анита Ангеловска-Бежоска. Според собраниски извори предлогот за гласање треба да биде ставен на дневен ред на утрешната собраниска седница која е веќе...

Златна палма освои јапонскиот филм „Крадци“

Јапонската драма „Крадци“ (Shoplifters) на режисерот Хироказу Коре-Еда освои Златна палма на 71. Кански фестивал. Филмот „Blackkklansman (Black Klansman)“ на американскиот режисер Спајк Ли ја доби Гранд При наградата, додека наградата од жирито ја освои филмот „Capharnaüm“ на либанската режисерка Надин Лабаки. Наградата за најдобра режија ја доби полскиот режисер Павел Павлинковски за остварувањето „Студена војна“. Претседателка на овогодишното жири за доделување на...

Над 130 милиони евра до крајот на годината достапни за малите и средните претпријатија

На малите и средни претпријатија до крајот на годината ќе им бидат на располагање 136 милиони евра, средства обезбедени преку Евопската инвестициска банка, ЕБОР и од ЕУ инвестициски грантови. Ова го најавува минситерот за финансии Драган Тевдовски во интервјуто за МИА, во кое истакнува дека е важна поддршката од странските инвестициските банки за приватниот сектор во Македонија особено за малите...

Дојава од Скопје за можен атентат врз Ердоган

Разузнавачките агенции добиле дојава дека врз турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој денеска ќе допатува во посета на БиХ, би можел да биде извршен атентат, јави Фена повикувајќи се на агенцијата Анадолија. Според достапните информации, во дојавата се наведува дека врз Ердоган за време на посетата на балканските земји, би можело да биде извршен атентат. На турските разузнавачки агенции им е...

Илинденска Македонија е неприфатлив предлог за Грците

Република Илинденска Македонија е опцијата која била издвоена како најприфатлива на преговорите меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, што се водеа на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, а која вчера Заев и јавно ја изнесе по завршувањето на лидерската средба во Клубот на пратениците. Двајцата премиери по преговорите во Софија, вчера го информираа државниот и политичкиот врв...