Велешкиот театар со „Вдовицата се мажи“ на фестивал во Русија
Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес со комедијата „Вдовицата се мажи“ од 25 до 31 мај ќе настапи на интернационалниот театарски фестивал „Руска класика“ во Москва. Претставата е во режија на Младен Крстевски, а е адаптација на едночинката „Мечка“ од Антон Павлович Чехов, која ја следи приказната за вдовицата Попова. Таа седум месеци е во траур по смртта на...
Ѕанакопулос: Името да произлезе од предлозите на Нимиц
Грчката страна инсистира на тоа дека најдобро решение е избор на едно име од оние што ги достави медијаторот Нимиц во неговите предлози, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрос Ѕанакопулос, во интервју за грчкото радио „Реал фм“.
Ѕанакопулос го поздрави прифаќањето на ерга омнес, споменувајќи го како позитивна разврска и позитивен чекор од средбата на двајцата...
Промоција на книгата „Викајте ме Естебан“
Промоцијата на книгата „Викајте ме Естебан“ од босанската авторка Лејла Каламуиќ, во организација на „Блесок“, ќе се одржи вечерва во 20 часот во Мобилна/Монтажна галерија во Паркот на франкофоните во Скопје. Kнигата ќе биде промовирана од Петар Андоновски и од Ѓоко Здравески, кој е и преведувач на оваа книга (збирка раскази).
Авторката во мај престојува во рамките на резиденцијалната програма...
Изложбата на Мазев – музејски проект на годината
Национална галерија на Македонија е еден од добитниците на годинашните награди на конкурсот 18 мај - Меѓународен ден на музеите за особени достигнувања во музејската дејност во текот на 2017 година, кои ги додeлува Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ). Наградата е за музејски проект на годината за изложбата организирана во чест на 90 години...
Моите песни се попаметни од мене и ќе ме надживеат
Во рамките на серијата концерти со кои Ѓорѓе Балашевиќ одбележува 40 години успешна музичка кариера, во саботата овој познат кантавтор имаше незаборавна средба со македонската публика во преполната арена „Борис Трајковски“. Цели три и пол часа, заедно со распеаната публика од целата земја, но и од регионот, како што според Балашевиќ сега се вика неговата држава, тој отпеа многу...
Доаѓаат врвни издавачи заинтересирани за македонската литература
„Далки архив прес“ планира повеќегодишна едиција на македонската литература и издавање по пет книги годишно, што ќе вклучи проширена маркетинг-програма, а и ќе ги доведе писателите во САД и во Ирска. Oваа едиција ќе придонесе писателите да бидат издадени и во други држави
Програмата „Скопје фелоушип“ и годинава ќе биде важен дел од 6-от интернационален литературен фестивал „Про-За Балкан“, што...
Министерот Николовски очекува успешна земјоделска година
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски очекува успешна земјоделска година. Оптимизмот го темели на поволните временски услови, на навремената исплата на субвенциите, но и на информациите од постојаните контакти и средби со земјоделците и нивните здруженија.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, рече, активно ги следи состојбите, одржува средби со сите засегнати страни.
- Деновиве имавме средби и со...
Надворешната помош е добредојдена
Имајќи го предвид изнесеното вреди во овој момент, во нашиот случај, колку за сегашноста толку, а можеби и повеќе за иднината на двата народа и држави, да се вложи повеќе умност, отколку морање, па било последново наложено од едната од нив или однадвор. Ова дотолку е можно што проблемот што постои чека на своето решавање. Колку проблемот да изгледа...
Има решение на т.н. „проблемот“ за името
Битни се следните принципи во меѓународното право:
1. Државите немаат ексклузивни права на државни имиња. (РМ е правен идентитет на држава со дефинирани граници, а Македонија е назив на гео. регион)
2. Менувањето државни имиња не влијае на територијалните права и обврски на своја, како и на туѓа држава. Ниту овие менувања може да се толкуваат како територијални претензии или иредентизам.
3....
Осуди за нападот над солунскиот градоначалник
Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, го осуди нападот врз градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис. На својот твитер-профил Ципрас напиша дека напаѓачите се екстремни десничари што треба да бидат казнети.
- Оние што го нападнаа градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, не се ниту огорчени граѓани ниту маса народ. Тие се едноставно екстремни десничари што треба да се соочат со последиците од...





































