Тевдовски: По подолго време јавниот долг е ставен под контрола

После повеќе од 10 години јавниот долг е ставен под контрола, информираше денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на јавната дискусија на Економскиот факултет насловена „Јавните финансии на крстопат“. - Отплатени се дел од старите долгови, зголемена е рочноста на издадените државни хартии од вредност, намалена е каматната стапка и зголемена е довербата кај инвеститорите рече Тевдовски. Тој посочи дека Владата...

Пелегрини го презема Вест Хем

Чилеанецот Мануел Пелегрини(64) би требало оваа недела да го преземе лондонски Вест Хем, објавија денеска британските медиуми. Пелегрини на тренерската позиција на „чеканите“ ќе го наследи Дејвид Мојс, кој го водеше Вест Хем седум месеци. Чилеанецот би требало со клубот да потпише тригодишен договор. Во богатата тренерска кариера Пелегрини, меѓу другите, ги предводеше и Виљареал, Реал Мадрид, Малага и Манчестер сити,...

До крајот на месецов ќе се знаат новите министри

Премиерот Зоран Заев најави дека утре до Парламентот ќе ги достави новите имиња за реконструкција на Владата. - Реконструкцијата ќе ја предложам утре, затоа што поради денешната пресуда не знаев дали ќе има цела Влада. Подготвен сум. Имињата се утврдени и биографиите на новите министри и заменици министри утре наутро ќе бидат процесуирани до Собранието, со надеж дека до крајот на месецот ќе...

Нова поетска книга „Долините на душата” од Кире Неделковски

Издавачката кука „Панили” од Скопје ја објави новата поетска книга „Долините на душата“ од поетот Кире Неделковски. Во педесестина песни поетот го дополнува својот духовен дневник со новите сознанија и размисли за животот и минливоста. Неговата поетска аура е полна со будна лирика која војува со времето и се прилагодува со новите потреби на светов. Кире Неделковски си има еден...

Одбележан денот на пожарникарите во Битола

Општина Битола и ТППЕ Битола, денес го одбележаа својот јубилеј 182 години од формирањето на првата противпожарна служба во Битола, која е формирана во 1836 година со повелба на Румелискиот валија. Денот на сите пожарникари со искрени желби за здравје, среќа и успешна работа им го честита заменик градоначалничката на Битола, Емилија Костурски. - Во 1836 година на 20...

Изложба на креативните акции што го менуваат општеството

Преку изложени фотографии, реквизити, транспаренти и други елементи, кои биле дел од различните граѓански акции за промени во општеството во земјава во изминатите десетина години, изложбата насловена „Креативен активизам“ го прикажува еволутивниот развој на овој вид активности во земјава. Изложбата е отворена во мобилната галерија во Паркот на франкофонијата во Скопје. Таа на едно место ги собра учесниците и организаторите...

Корупцијата и деполитизацијата главен проблем во админитрацијата

Сеопфтна и долготрајна реформа со вклученост на сите страни во нејзното креирање и доаѓање до ефикасна јавна администрација, беше пораката на денешната дебата „Зошто ни се потребни измени на законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор организирана во Скопје. - Реорганизација на јавната администрација мора да има и ние работиме на тоа. Креираме политики што мора...

Изолираниот живот на новинарот што ја разлути сицилијанската мафија

Паоло Боромети повеќето денови ги поминува во изолација, и покрај тоа што ретко е сам. Тој не прошетал низ парк, ниту по плажите на неговата родна Сицилија со години. Не може да вечера во ресторан, да гледа филм во кино, ниту да посети концерт, односно не смее сам да извршува ниту една од секојдневните, вообичаени активности, пишува „Сиднеј морнинг...

Притвор за кичевец поради полов напад врз шестгодишно дете

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, полициската станица од Кичево до надлежното Јавно обвинителство во Гостивар, поднесе кривична пријава против 67-годишно лице од Кичево. Пријавениот, казненото дело го сторил на 17-ти, овој месец, во парк на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, на начин што допирал по...

Книга со 175 органски рецепти за нега на лице, тело и коса

Промоција на книгата „Природно убави со Биодевојка“ од блогерката Вики Андонова, што ќе се одржи утре во 18 часот во центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“. „Природно убави со Биодевојка“, во издание на „Арс либрис“, дел од „Арс ламина - публикации“, содржи 175 природни, органски рецепти за нега на лице, тело и коса, што можете да ги подготвите...