Македонски алпинист почина во обид да го освои Монт Еверест

Македонскиот алпинист, доктор Георги Петков (63) од Гевгелија, починал во обид да го освои највисокиот врв на Хималаите, Монт Еверест.  Причина за смртта претставува срцев удар. Петков тргна на походот кон искачување на Монт Еверест на 24 март, со што требаше до крајот на месецот да се искачи на врвот и да стане шестиот Македонец на кој му успеал таквиот...

Промовирана стратегија што ги лоцира клучните предизвици во образовниот систем

Крајната цел на Стратегијата за образование 2018-2025 е инвестирање во учениците, студентите, во млади интегрирани поединци кои ќе бидат слободни во изразување на автентичноста, оригиналноста, идентитетот и креативноста. Ова на денешната промоција на Стратегијата го истакна министерката за образование и наука Рената Дескоска. Во Стратегијата, која беше усвоена на почетокот на годинава, се лоцирани клучните предизвици на македонскиот образовен систем,...

Активисти влегоа во празни станови во Берлин протестирајќи против повисоката кирија

Активисти се населија во многу слободни домови во Берлин во знак на протест против нејасните принципи за формирање на цените на кириите во овој град, јави ДПА. Портпаролот на активистите изјави дека десетици илјади луѓе во градот се бездомници, а луѓето одделуваат сė поголем дел од своите приходи за да ги платат кириите. - Незаконски е домовите да стојат празни, сметаат...

Одбраната тврди дека аудио-снимките за „Титаник“ се незаконски

Ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски денеска побара и адвокатот Димитар Дангов во воведното обраќање пред судот во предметот на СЈО „Титаник“. На претходното рочиште обвинителката Лиле Стефанова во воведот побара да се конфискува имот на обвинетите Груевски и Протуѓер во вредност од над 550 илјади евра. Дангов денеска побара ослободителна пресуда и за уште тројца обвинети и рече...

Нокиа ќе инвестира 100 милиони евра во развојни проекти

Финската компанија ХМД, која е правен наследник на Нокиа, ќе инвестира 100 милиони долари во развојни проекти. Средствата биле обезбедени од инвестициската компанија Ди-Ем-Џи Азија и тајвански Фокскон. Главна цел на компанијата е да ја зголеми продажбата на мобилни телефони под брендот Нокиа. ХМД продаде 70 милиони Нокиа елефони во 2017 година, и имаше промет од 1,8 милијарди евра.

Во кичевската касарна одбележан Денот на единицата – 21 мај

Со воена свеченост и во присуство на голем број на гости, денес во кичевската касарна беше одбележан Денот на единицата - 21 мај. На свеченоста беа присутни и командантот на Здружената оперативна комада генерал мајор Зоран Милески, командатот на 1. механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Миче Ѓоргоски, градоначалници од општините во зоната на одговорност, голем број претставници на јавниот сектор,...

Одземени 34 возачки заради возење под дејство на алкохол во Прилеп

Секторот за внатрешни работи Битола викендот казни 38 учесници во сообраќајот кои возеле под дејство на алкохол. По предходно изготвен план на Одделението за Полиција при СВР Битола, во времето од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на Прилеп спроведена засилена акциска контрола за алкохол, при што од исконтролирани 251 возила, алкотестирани се 184 возачи. Kaj 38 од нив е утврдено...

Грипот не попушта во Гостивар, ретка заразна болест во Тетово

Оваа сезона на грип Гостивар во повеќе наврати го држеше неславниот рекорд на општина со најмногу заболени во Македонија. Невообичаено за месец мај, во гостиварската подрачна единица на Центарот за јавно здравје Тетово се уште се регистрираат заболени од грип. Како што објави Институтот за јавно здравје на Република Македонија, последната недела пријавени се 13 нови случаи на ова заразно...

Неисправна за пиење водата од десетина јавни чешми во Прилепско

Водата за пиење од десетина чешми во прилепско е неисправна за пиење. Не се пие водата од крајпатната чешма на село Штавица, селото Плетвар, кај ресторанот „Че“, од јавните чешми во Леништа, Ореовец, Прилепец, Волково, населено место Чумово, Мало Рувци и Беловодица што се наоѓаат среде селата. Според Центарот за јавно здравје водата не смее да се користи за...

Министерка бара муслиманите да земат отсуство за време на Рамазан

Данската министерка за имиграцијата и интеграцијата Ингер Стојбер, чии изјави за странците често предизвикуваат полемика, денеска повика муслиманите да земат отсуство од работа за време на Рамазан заради безбедноста на работното место. - Сакам да им кажам на муслиманите да земат отсуство за време на Рамазан, за да се избегнат негативни последици за остатокот од данското општество, изјави Ингер Стьойбер...