Коѕијас: За нас е прифатлив еден од предлозите на Нимиц
Грција ја поддржува потребата да се прифати име од предлозите на Нимиц, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во изјава за грчките дописници од САД, по средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео.
Со оваа изјава и Коѕијас индиректно го отфрли името „Република Илинденска Македонија“, исто како што Грција отфрли и еден од петте предлози на медијаторот Метју Нимиц...
Од топлотен бран во Пакистан починале 65 лица
Топлотниот бран, кој претходните три дена го погоди Пакистан, усмрти 65 лица во градот Карачи на југот на земјата, а бројот на жртви би можел да се зголеми доколку температурите се задржат, соопштија официјални лица.
Жештината од 44 степени и повеќе го погоди тој дел од Пакистан, во време на рамазанските пости, кога повеќето муслимани не јадат и не пијат...
Возач и сопатник загинале во сообраќајка во Скопје
Возач на патничко моторно возило и сопатник загинале во една од вкупно 10 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во една сообраќајка потешко било повредено едно лице, пет лица се здобиле со полесни повреди во три сообраќајки, а во пет била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала...
Австралиски надбискуп прогласен за виновен за криење на сексуална злоупотреба на деца
Судот во Австралија го осуди надбискупот од Аделаида за прикривање на сексуални злоупотреби на деца во 70-тите години од минатиот век, во државата Нов Јужен Велс.
Филип Вилсон (67) е највисоко поставен католички свештеник во светот, обвинет и осуден за кривично дело.
Надбискупот од Аделаида, на кој му е дијагностицирана рана фаза на Алцхајмерова болест, тврди дека не се сеќава...
Изложба на фотографии на Боро Рудиќ
Во Културно - информативниот центар во Скопје, вечер во Изложбениот салон – Империјал 1, ќе биде отворена изложба на фотографии, а ќе биде промовирана и монографија EXIT од Боро Рудиќ.
Боро Рудиќ е роден 1954 год. во Кочани, Македонија. Дипломиран електро инженер. Реализирал 20 самостојни изложби во: Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија, Турција, Германија, Словачка. Учествувал и на повеќе од...
Имињата за реконструкција на Владата денеска ќе бидат доставени во Парламентот
Премиерот Зоран Заев денеска до Собранието на Република Македонија треба да ги достави предлозите за реконструкција на Владата.
- Биографиите на новите министри, заменици и директори ќе бидат навреме поднесени до Собранието, со надеж дека до крајот на месецот ќе бидат ставени на дневен ред на пленарна седница за да се докомплетира Владата- изјави Заев вчера пред Кривичниот суд.
Минатата недела...
Сообраќајот се одвива по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите...
„Цртање на асфалт 2018“
По повод Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, Детскиот културен центар „Карпош“ и оваа година заедно со Град Скопје традиционално ја организира манифестацијата „Цртање на асфалт“.
Манифестацијата ќе се одржи денеска во Градскиот парк, кај споменикот „Гоце Делчев“, а ќе учествуваат децата од градинките во Скопје.
Детскиот културен центар „Карпош“ ќе обезбеди материјали за цртање (креди во боја), пригодна програма и симболични...
Струмичкиот театар освои награда на Фестивал во Враца
Актерите на Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица, Кољо Черкезов и Јасмина Василева, кои настапуваат во претставата „Џон Габриел Боркман“, ја добија наградата НЕТА за сценски дует на Фестивал во Враца, Република Бугарија, соопшти синоќа фестивалското жири.
Фестивалот во овој бугарски град е во рамки на Новата европска театарска акција-НЕТА, а дел од оваа асоцијација е Фестивалот на камерен театар...
Променливо облачно, попладне нестабилно
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно претпладне со почести сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи особено на север и на запад. УВ=7.
Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне и со услови...





































