Делови од Ѓорче Петров и Центар утре без струја

Од 8 до 10 часот утре без струја ќе бидат дел од жителите од скопското село Орман, потегот од магистралниот пат кон граничниот премин Блаце во општина Ѓорче Петров. Во временскиот период од 9 до 14 часот без струја ќе биде селото Орман, основното училиште „Јоаким Крчоски“, селото Никиштани и дел од селото Волково. Од 10 до 11:30 часот без струја ќе...

Во Мерцедес загриженост пред трката во Монако

 Директорот на Формула 1 тимот на Мерцедес, Тото Волф изјави дека трката за Големата награда на Монако не одговара на болидите на неговиот тим. Минатата сезона на патеката во Монте Карло возачите на Мерцедес имаа слаб пласман, при што Валтери Ботас беше четврти, а актуелниот светски шампион Луис Хамилтон заврши дури на седмата позиција. - Минатата година увидовме дека патеката не...

Бекер: Ѓоковиќ ќе се врати во форма, ако е дисциплиниран и трпелив

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ повторно ќе игра на врвно ниво, доколку е дисциплиниран и трпелив, смета неговиот поранешен тренер Борис Бекер. Ѓоковиќ мината седмица стигна до полуфиналето на Мастерсот во Рим, што е негов најдобар резултат оваа сезона. Но и покрај отпорот што му го пружи на Рафаел Надал, сепак шпанскиот тенисер победи на натпреварот. - Ми се чини дека...

Могерини: Нема алтернатива за иранскиот нуклеарен договор

Нема алтернативно решение за иранскиот нуклеарен договор, изјави денеска шефот на дипломатијата на Европската унија Федерика Могерини. Тоа е нејзин одговор на денешната изјава на државниот секретар на САД Мајк Помпео кој објави услови за нов договор со Техеран. – Говорот на Помпео со ништо не покажува како повлекувањето од иранскиот нуклеарен договор направило или ќе го направи регионот побезбеден...

Барак и Мишел Обама ќе бидат продуценти на „Нетфликс“

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, и неговата сопруга Мишел, потпишаа повеќегодишен договор со компанијата „Нетфликс“ и ќе бидат  продуценти на некои идни филмови и серии. - Поранешниот претседател и неговата сопруга ќе имаат опција да продуцираат и документарни филмови - соопштија од „Нетфликс“ . Обама на своите соработници им соопштил дека со ова нема намера да води кампања против неговиот...

Хју Грант на 57 години се жени за првпат

Актерот Хју Грант, кого го сметаа за еден од вечните ергени во Велика Британија, одлучи да се жени. За 57-годишниот актер ова е прв брак, а негова избраничка е 18 години помладата шведска ТВ-продуцентка Ана Еберштајн. Двајцата подолго време живеат заедно, а Еберштајн е мајка на три од петте деца на актерот. Грант има и две деца со поранешената девојка Тинглан...

Пентагон: Ќе преземеме се за да му се спротивставиме на Иран

Американската армија ќе ги преземе сите неопходни чекори за да се спротивстави на однесувањето на Иран во регионот, и се уште проценува дали тоа би можело да вклучи нови акции или удвојување на постоечките, соопшти денеска Пентагон. - Ќе ги преземеме сите неопходни чекори за да му се спротивставиме и да го спречиме иранското малигно влијание во регионот - изјави...

Жителите на Косово се плашат од повратниците од ИД

Граѓаните на Косово се уверени дека насилниот верски екстремизам останува сериозна закана за националната безбедност, покажа најновото истражување на јавното мислење во врска со повратниците војните во странство. Ваквото мислење го делат дури 75 отсто од анкетирани од страна на Косовскиот центар за безбедносни студии (КЦБС), кој денеска ги објави резултатите од тоа истражување. Извештајот заклучува дека довербата на граѓаните во...

„Долините на душата”- нова поетска книга од Кире Неделковски

Новата поетска книга „Долините на душата” од Кире Неделковски објавена е во издавачката кука „Панили” од Скопје. Во педесетина песни поетот го дополнува својот духовен дневник со новите сознанија и размисли за животот и минливоста. Неговата поетска аура е полна со будна лирика која војува со времето и се прилагодува со новите потреби на светов. Кире Неделковски си има еден...

Над 120 деца се отруле од храна во училиште во Романија

Над 120 деца се хоспитализирани откако им се појавиле симптоми на труење со храна откако јаделе сендвичи на учлииште, соопштија романските власти. Директорката на училиштето во градот Дофтеана на исток во државата, Ана Ирима изјави дека учениците јаделе сендвичи подготвени од компанија што ги снабдува со ужина. Портпарол на здравствените власти изјави дека се работи за деца на возраст од 10...