Дачиќ: Нė притискаат оваа или следната година да постигнеме договор со Косово

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека постои притисок врз Србија оваа или следната година да постигне некаков договор со Приштина, при тоа додавајќи дека Белград нема да тргува во врска со Косово и Метохија заради членство во ЕУ. Дачиќ за Радио-телевизија Србија(РТС) рече дека државите кои ја признале еднострано прогласената независност на Косово, грешат кога тврдат...

Ученици од четири земји соработуваа и другаруваа во Кавадарци

Основното училиштето „Гоце Делчев“ од Кавадарци од 4 до 11 мај беше домаќин на седумдневната работилница на темата „Ние сме против дискриминација и насилство“. Работилницата е реализирана во рамките на програмата „Еразмус плус“ во соработка со Македонската агенција за образование. Група ученици заедно со своите наставници од Шпанија, Турција и од Бугарија вкупно 33 на број, заедно со уште 17...

Уште една награда за младиот саксофонист Мирослав Миленкоски

Мирослав Миленкоски, ученик во основното музичко училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“ во Прилеп, повторно е прогласен за најдобриот саксофонист на државниот натпревар, кој се одржа неодамна. Тој веќе три години едноподруго е неприкосновен во свирењето саксофон во нашата земја, бидејќи континуирано ги освојува првите места на државните натпревари. Саксофон свири веќе три години и е учесник на сите концерт на прилепското музичко...

Најмалку десет починати од смртоносен вирус во Индија

Најмалку десет лица починаа на југот на Индија од досега малку познатиот вирус Нипах, додека околу 100 лица се во карантин, соопштија денеска локалните власти во Индија. „Тајм оф Индија“ јави дека билансот на жртвите се искачи на десет, а околу 100 лица кои биле во контакт со починатите се во карантин. Девет лица се хоспитализирани поради симптоми слични на вирусот. Вирусот...

Хали Бери ќе глуми во „Џон Вик 3“

Хали Бери и Анџелика Хјустон и се придружија на актерската екипа за третиот дел од акционата сага „Џон Вик“, во којшто насловната улога повторно ќе ја има Кијану Ривс. Во новиот филм од сагата за еден од највештите платени убијци во светот улоги добија и Лоренс Фишбурн, Марк Дакаскос, Ијан Мекшејн, Џејсон Манѕукас и други актери. Сценариото го напиша Дерек Колстад, а...

Почина една од трите преживеани патнички на кубанскиот авион

Почина една од трите преживеани патнички на авионската несреќа, што се случи минатата недела на Куба, со што бројот на жртвите се искачи на 111 патници. Како што соопшти кубанското Министерство за здравство, младата жена на возраст од 23 години која беше во исклучително тешка состојба, почина во болница и покрај напорите на лекарите да ја спасат. Наведено е дека...

Пригодна монета по повод средбата Трамп – Ким

Белата куќа изработи комеморативна монета за претстојната историска средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун. Монетата е украсена со профилите на Трамп и Ким кои се означени како „врховни лидери“, а на опачината се знамињата на двете земји. На врвот на медалот се наоѓа натпис „мировни преговори, а на дното годината 2018 “. Трамп и...

Поранешниот малезиски премиер на распит поради корупциски скандал

Поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак денеска е на распит во антикорупциската агенција за да одговара на прашањата за големиот скандал со проневера на јавни средства, што придонесе за неодамнешниот изборен пораз на неговата коалиција, која беше на власт 61 година. Тој беше повикан да одговори на прашањата за СРЦ Интернешнел, енергетска придружница на Фондот 1 МДБ, кој го основаше Наџиб...

Буфон: За седум дена ќе решам што понатаму

Голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон ги демантира шпекулациите кои се појавија во светските медиуми дека веќе се договорил со Пари Сен Жермен. Францускиот шампион му упати покана на Буфон кариерата да ја продолжи во француската престолнина. Буфон се повлече од Јувентус по 17 години поминати во торинскиот гигант. Тој во саботата за последен пат играше натпревар за „старата дама“. - Ќе ми...

Емери на местото на Венгер во Арсенал

Нов менаџер на Арсенал ќе биде Унаи Емери, пренесе Би-Би-Си, наведувајќи дека разговорите на раководството на премиерлигашот со младиот шпански тренер Микел Артета не завршила позитивно. Се очекува денеска или утре и официјално Арсенал да го промовира досегашниот тренер на ПСЖ. Емери(46) претходно работеше во Лорка, Алмерија, Валенсија, Спартак Москва и Севиља со која има три трофеи во Лига Европа.