Иванов бара да биде информиран за текот на преговорите за името
Претседателот Ѓорге Иванов нема информација за договорената рамка за надминување на спорот за името, на која вчера се повика министерот за надворешни работи Никола Димитров, соопштуваат од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.
- До Кабинетот на Претседателот на Република Македонија нема доставено информација за договорената рамка за можно решение на разликата околу името, ниту информации за последните две средби...
„Пролетното“ сонце не го огреа Тунис
Кога пред 7 години Тунижаните се побунија против својот владетел, им се придружија и двајца млади учители - идеалисти, со надеж дека ќе успеат да ја вклучат својата десетмилионска северноафриканска држава во тековите на модерната демократија.
Но, денес, Адел и Марва Џафари се мачат финансиски, исто како и економијата на нивната земја, во која е во тек опаѓањето на вредноста...
Што се случува во Венецуела?
Пазар не постои, продавниците се празни, а СЗО објави дека просечниот Венецуелец има ослабено помеѓу 8 и 11 килограми. Таканаречената „Мадурова диета“ доведе до експлозија на туберкулоза, а во земјата нема лекови, додека Мадуро ја одбива дури и светската хуманитарна помош, зашто тоа би било директно признание дека земјата е во ќор-сокак
Николас Мадуро победи на претседателските избори во Венецуела,...
Димитров: Стартот на преговори не е исто што и пристапувањето во ЕУ
Треба да има јасна дистинкција дека стартот на преговори не е исто што и пристапувањето во ЕУ, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров во тесен круг на експерти и новинари во Брисел.
- Ова треба да биде признаено. Има два до три изборни циклуси помеѓу двата настани, а пристапувањето е алатка што е тука да ги помогне реформите. Ако...
Г.г. Стефан: Постоењето на МПЦ не е закана за другите помесни цркви
Чествувањата по повод јубилејот, 1.000 години од формирањето на Охридската архиепископија, продолжија и вчера со Света архијерејска литургија одржана во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид. Со литургијата чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на митрополитите од Синодот на МПЦ. Верскиот поглавар, притоа, порача дека постоењето на МПЦ...
ЈДП со „Ајнштајновите соништа“ гостува на сцената на МНТ
Југословенско драмско позориште (ЈДП) од Белград вечер и утревечер ќе гостува во Македонскиот народен театар со претставата „Ајнштајновите соништа“ според истоимениот роман-бестселер на Ален Лајтман во режија на Слободан Унковски.
На матичната сцена во ЈДП претставата премиерно беше изведена во октомври минатата година.
- Тоа не е драма. Нема приказна која е едноставна. Но има други работи кои ги...
Насмевката на децата е нашата најголема награда
Марија Матеева е професорка по одделенска настава во училиштето „Лазо Ангеловски“. Таа по дваесетгодишно искуство во професијата, годинава беше прогласена за најдобар просветен работник од Здружението на просветни работници. Добитничка е на голем број награди и признанија, а досега била иницијаторка и дел од значајни активности чија цел била да се развијат хуманоста кај децата, здравите навики за живеење,...
Авганистанските безбедносни сили по грешка застрелаа девет цивили
Најмалку девет лица, главно цивили, по грешка се убиени за време на рација на авганистанскитре сили на една куќа во источната провинција Нагархар, соопштија денеска локалните власти.
Убиените се членови на семејството на претседателот на Горниот дом на авганистанскиот Парламент Фазал Хади Муслимјар.
Гувернерот на провинцијата Хајатула Хајат изјави дека уште осум лица се ранети за време на рацијата, спроведена...
Оружен инцидент во Лиеж, убиени четири лица
Двајца полицајци се убиени денеска во центарот на источниот белгиски град Лиеж, јавуваат медиумите.
Во престрелката бил убиен еден случаен минувач, како и напаѓачот, кој претходно држел жена како заложник.
Сė уште не се објавени детали околу мотивот за нападот.
Ракетите живееја од тројките и „загинаа“ од тројките
Играта на Хјустон рокетс се засноваше врз шутот за три поени, во текот на целата сезона во кошаркарската НБА-лига, што им го донесе најдобриот ефект во регуларниот дел, но ги чинеше пласман во финалето на плејофот.
„Ракетите“, без повредениот Крис Пол, загубија од шампионот Голден стејт вориорс со 92-101 на домашен терен, во решавачкиот седми меч од финалето на Западната конференција,...







































