Спасувањето на семејството Скрипал – од црни прогнози до чудото во Салсбери

Докторите во болницата во Салсбери го споделија нивното искуство при спасувањето на животите на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и на неговата ќерка Јулија, по труењето со нервниот агенс „новичок“, во подвигот што стана познат и како „чудото во Салсбери“, во медиумите. Сергеј и Јулија Скрипал беа донесени во болницата, откако беа пронајдени во несвесна состојба на клупа во...

Пишувањето пред спиење ослободува од лоши мисли

Доколку имате емоционален товар од кој со години не можете да се ослободите и тој само се таложи во вашите мисли, се што треба да направите е пред спиење да го запишете тоа што ве мачи, истакнува американскиот психолог Тим Вилсон во својата нова книга „Redirect: Surprising New Science of Psychological Change“. Методот првпат е разработен од страна на социо-психологот...

Парфем инспириран од Палатата Кенсингтон

Кога сер Вилијам Хенри Пенхалигон во 19. век првпат дошол и се сместил во Лондон работел како ексклузивен парфем-мајстор за кралицата Викторија. Оттогаш до денес, неговата служба кај кралското семејство остави длабока трага, низ препознатливите егзотични понуди на брендот „ Пенхалигон “. Пенхалигон живеел во доба на најпрефинета англиска племенитост. Бил духовит, креативен и секогаш инспириран од она необичното. Велат дека и познатиот...

Катругалос: Потребна е смела одлука од Заев за постигнување договор

За уставни промени и ерга омнес решение потребна е смела одлука од премиерот Заев за да има договор, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервју за грчкото радио „Њуз247“. - Всушност, во овој момент тежината за постигнување договор е навистина кај другата страна. Потребна е смела одлука од страна на премиерот Заев за двете прашања...

Ѕанакопулос: Се стремиме кон сложено име, кое ќе биде во Уставот на соседната земја

Министрите за надворешни работи направија особено голем напредок, би можеле да кажеме дека се наоѓаме во финална линија, но никој не може да го предвиди исходот во толку сложени преговори, и покрај тоа јас и понатаму сум многу оптимист и ги очекуваме следните потези и следната фаза од преговорите, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис...

До крајот на годинава ќе биде изградена пругата Битола – Кременица

За половина година се очекува да заврши изградбата на пругата Битола -Кременица, во должина од 16 километри, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Инвестицијата изнесува 17,2 милиони евра, од кои шест милиони евра од ИПА-фондовите, а 11,2 милиони евра од буџетот на Република Македонија. - Очекувам до крајот на ноември овој проект целосно да биде завршен, со цел...

Банките учат како да ги чуваат личните податоци на клиентите

Дигиталните можности што ги нуди модерното банкарство носат и ризици, кои се однесуваат на заштитата на приватноста Банките од регионот ќе соработуваат со Европската банкарска федерација во областите на сајбер-безбедност, спречување на перењето пари, како и во спроведување на одредбите од Базелскиот договор, кој неодамна беше донесен. На овие теми вчера во Скопје разговараа претставници од Европската банкарска федерација и...

Салах заминува на рехабилитација во Шпанија

Најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах утре ќе замине во Шпанија каде ќе биде подложен на медицински третман за санирање на повредата на рамото. Тој се здоби со повреда викендот во финалето на Лигата на шампионите при еден дуел со Серхио Рамос. Салах во Шпанија ќе биде придружуван од официјални лица од египетската репрезентација, како и од Ливерпул. Неодамна египетскиот репрезентативец изрази...

Џафери: Коалицијата ќе одлучи кога Законот за јазиците ќе оди во Службен весник

Законот за јазиците ќе биде испратен во Службен весник во соодветно време, повтори денеска претседателот на Парламентот, Талат Џафери, на средбата со новинарите, потенцирајќи дека тоа не е негова индивидуална задача, туку дека станува збор за одлука што треба да ја донесе коалицијата.  Запрашан која е пречката законот да биде испратен до Службен весник Џафери рече дека „се работи за...

Сирија ги призна Абхазија и Јужна Осетија како независни држави

Сирија денеска ја призна независноста на Јужна Осетија и на Абхазија, соопшти Министерството за надворешни работи на Јужна Осетија. - Абхазија и Сирија објавија документ за взаемно признавање и воспоставување на дипломатски односи меѓу двете држави на ниво на Амбасада, што е одраз на нивниот заеднички стремеж да развиваат односи во сите области - се посочува во документот. И администрацијата на...