Брисел по секоја цена ќе ги штити европските бизниси во Иран
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини порача дека ЕУ ќе ги заштити своите стратегиски и економски интереси во Иран, по повлекувањето на САД од договорот со Техеран. Администрацијата на Трамп воведе поостри санкции кон Иран, а се закани и со пенали за европските компании што соработуваат со блискоисточната земја, пренесуваат светските медиуми
Европската Унија работи на заштитата на компаниите што...
Шеснаесетгодишна девојка киднапирана и малтретирана
Малолетничка од Скопје 10 дена била киднапирана и физички малтретирана во домот на 26-годишен маж.
Како што соопшти МВР, вчера во 3:30 часот 53-годишен маж од Скопје пријавил дека претходниот ден, околу 23:50 часот, добил телефонски повик од пријател дека истиот ја забележал неговата 16-годишна ќерка како видно вознемирена се движи по улица во населбата Шуто Оризари. Џ.Р. се упатил...
Враќањето на „црната пантерка“ на белиот спорт
Впечатливата црна опрема што Серена Вилијамс (36) ја носи на гранслем-турнирот „Ролан Гарос“ не е моден тренд, туку потреба поради медицински причини, како што откри американската тенисерка. Припиениот едноделен костум е дизајниран за да ја спречи појавата на згрутчување на крвта.
Но, опремата ги симболизира самодовербата и сопственото вреднување на 23-кратната гранслем-шампионка, која се врати на белиот спорт девет месеци...
Триесет дневен притвор за дилер на кокаин
Триесет дневен притвор заработи жител на село Трново Битолско, поради продажба на кокаин и лекот „Омепразол“ на нарко зависници од Битола.
Како што соопштија од Основното јавно обвинителство Битола осомничениот во неговиот дом неовластено, заради продажба, држел осум пластични паковки од лек „Омепразол”, како и вкупно 78 најлонски паковки со вкупна нето маса од 51,48 грама наркотична дрога кокаин, која ја...
Судењето на Латас повторно одложено
Поради барање на одбраната денеска во Кривичен суд беше одложен предметот „Тотал“ на Специјалното јавно обвинителство.
Во „Тотал“ е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас за затајување данок.
Според обвинението на СЈО, осомничениот давал лажни податоци во завршните сметки и даночните пријави при што преку правните лица затаил данок во износ од 7.466.981 денар или 121.414 евра, а лично физичкото лице затаило 3.876.471 денар...
Здравје во чаша – сок од свежо цедено овошје
Свежо цедените сокови од овошје се најдобар извор на витамини и хранливи материи, кои го чистат организмот, даваат енергија и регенерираат. Го снабдуваат организмот со потребните ензими, минерали и други материи потребни за зголемувањето на виталноста на организмот.
Јаболко - сокот од јаболко го чисти организмот, тој благопријатно влијае на целиот систем. Богат е со витамини А и Ц. Овој...
Баерн е најпродуктивниот тим?
По завршувањето на првенствата сезонава во петте најсилни лиги во Европа, Фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) објави листа на која германскиот првак Баерн е најпродуктивниот тим сезонава.
За листата направена е споредба на пласманот на табелата со пласманот на една виртуелна листа, која, пак, е сочинета врз база на т.н. продукциски индекс, во кој влегуваат три...
Мечевите на СП во осум термина
Мечевите на СП во Русија ќе се играат од 12, 14, 15, 16, 17, 18, 20 и од 21 часот според средноевропско време, најдолг фудбалски ден се очекува да биде 16 јуни, со четири меча и фудбал од 12 до 23 часот, а во другите денови просечно ќе има по три средби, со почетоци во 14, 17 и во...
Металург ќе аплицира за место во ЛШ
И следната сезона Металург има желба и амбиција да биде дел од ЛШ. Идната недела преку РФМ ќе ја испратиме нашата апликација до ЕХФ. Се надеваме дека со играта, квалитетот и со создавачкиот концепт ќе ги задоволиме критериумите на ЕХФ и пак ќе бидеме дел од ракометната елита, изјави Зоран Цветановски, претседателот на Металург
Македонскиот вицепрвак Металург ќе аплицира за...







































