Џафери: Коалицијата ќе одлучи кога Законот за јазиците ќе оди во „Службен весник“
Законот за јазиците ќе биде испратен во „Службен весник“ во соодветно време, повтори вчера претседателот на парламентот, Талат Џафери, на средбата со новинарите, истакнувајќи дека тоа не е негова индивидуална одлука, туку дека станува збор за одлука што треба да ја донесе коалицијата.
Запрашан која е пречката законот да биде испратен до „Службен весник“ Џафери рече дека „се работи за...
Првпат ќе се проучува внатрешноста на Црвената Планета
„Инсајт“ треба да слета на Марс на 4 ноември
Роботиката на приземјувачот на Марс на НАСА, „Инсајт“, ќе ја проучи внатрешната структура на Црвената Планета за да одговори на прашањата за раното формирање на внатрешните планети - Меркур, Венера, Земја и Марс - пред четири и пол милијарди години.
„Инсајт“ e кратенка за внатрешно истражување со користење сеизмичко истражување, геодезија и...
Македонија ќе отвора конзулат во Малта
Во рамките на официјалната посета на Република Малта, премиерот Зоран Заев вчера остварил средба со тамошната претседателка Марија Прека на која се разговарало за зајакнување на економските релации, но и за можноста Република Македонија да овозможи конзуларни услуги во земјата.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев на средбата истакнал дека македонското стопанство е подготвено да го зајакне присуството на...
Завршена најчудната трибина на светот
Екатеринбург Арената во најисточниот град домаќин на Светското првенство во фудбал во Русија, конечно е завршена.
Стадионот на ФК Урал ќе биде домаќин на четири натпревари од СП, Египет-Уругвај, Франција-Перу, Јапонија-Сенегал и Мексико-Шведска, а гледачите на стадионот ќе имаат неверојатен поглед.
Имено, Екатеринбург Арената, покрај Лужњики, е единствениот стадион на СП што не е нов, туку адаптација на постоечкиот. Стариот стадион,...
ЦИА ја откри тајната „хамбургер-дипломатија“ на Ким Џонг-ун
Северна Кореја нема наскоро да се откаже од нуклеарното вооружување, но би можела да отвори сендвичарница за брза храна во Пјонгјанг, според новиот извештај на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), пренесува весникот „Њу Зиланд хералд“.
Истражувањето на ЦИА е правено со цел за проценка на целите на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, во пресрет на планираната средба со американскиот претседател Доналд...
Бизнис Инсајдер: Топ-листа на градови во кои најдобро ќе заработите
Дојче Банк го објави годинешниот извештај во кој се споредуваат трошоците за живот во најголемите градови во светот и се анализира животниот стандард. Врз основа на тоа, Бизнис Инсајдер состави топ-листа од 25-те градови во кои најдобро се заработува.
На врвот се најде Цирих, каде што просечната месечна нето плата е 4.923 евра. Следува целата листа.
1. Цирих, Швајцарија - 4.923...
Се бара затворање на казината во Тетово поради нелегалности
Граѓанското движење против коцкање од Тетово на прес-конфренција инфомираше дека по нивниот протест на 4-ти мај и поднесена тужба Управниот суд донесе одлука за забрана за отворање на казиното лоцирано на булеварот Илинденска. Од движењето сметаат дека и други постоечки објекти со игри на среќа треба да го прекинат работењето образложувајќи дека тоа го прават нелегално.
-Бараме затворање на нелегалните...
Англичаните пред Светското првенство тренираат пенали
Англиските фудбалски репрезентативци покрај другото, акцент во подготовките пред стартот на Светското првенство ставаат и на ударите од 11 метри со цел да го избегнат традиционалното испаѓање на пенали на големи првенства.
Англија беше елиминирана по ударите од белата точка шест од седумте пати на светски и европски првенства. Единствениот успех го имаат против Шпанија во четвртфиналето на ЕП 1996...
Новородена нација во предлозите на Атина
Ситуацијата речиси е апсурдна. Со влезот во НАТО и некогаш во ЕУ најверојатно дека македонската држава ќе добие нешто вредно, ќе се нареди во редот на понапредни држави. Со истото тоа, но со промената на името ерга омнес, трајно ќе изгуби македонскиот народ, македонската нација. Ќе изгуби два идентитета: национален и територијален. Многу мастило е потрошено во укажувањата за...







































