Монети од археолошкиот локалитет Вардарски рид ќе бидат изложени во Сежана

Збратимените општини Гевгелија и Сежана, од Република Словенија, го постигнаа првиот договор за унапредување на меѓусебната културна соработка, откако гостите од Словенија беа воодушевени од разгледувањето на археолошката поставка во Народниот музеј во Гевгелија. - Гостите пројавија посебен интерес за нумизматичката збирка на монети од античка Гортинија, односно археолошкиот локалитет Вардарски рид. Збирката е составена од 1.000 монети пронајдени во...

Адам Загајевски: Некои тврдат дека мојата поезија им помага да живеат

Мојот егзил е индивидуален и не е типичен - јас никогаш не сум бил сиромав, ниту гладен! Во 1992-та заминав во Париз, кога во Полска навистина беше многу тешко. Но не заминав да бидам дисидент, туку поради тоа што се вљубив. Мојот случај како дисидент не беше сериозен, ако не се има предвид дека љубовта и онака е доволно...

Најмалку шест жртви во експлозија во чешка фабрика

Најмалку шест луѓе загинаа во експлозија во фабрика за хемиски производи во Чешка. Портпаролката на противпожарната служба Владимара Керекова изјави дека има и повредени, но не прецизира колкав број. Експлозијата одекнала во фабриката за хемикалии „Синтос“, северно од Прага. Причината за експлозијата засега не е соопштена.

Младите Европејци се помалку религиозни

Најголем дел млади во 12 држави во Европа не се религиозни и ретко одат во црква, што е доказ за тренд на постепено свртување кон постхристијанско општество, покажува истражување објавено во „Гардијан“. Истражувањето е спроведено кај млади од 16 до 29 години во 21 европска држава и укажува дека најмалку религиозни се во Чешка, каде што 91 отсто испитаници од...

Маж починал откако со камион излетал од патот Плачковица – Штип

Шеесет и петгодишен жител од село Таринци вчера загинал откако со товарно возило излетал од патот Плачковица - Штип и удрил во дрво. Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера околу 14:10 часот на регионалниот пат Плачковица - Штип пред крстосницата за село Козјак, Д.В.(65) од село Таринци - општина Карабинци, управувајќи товарно моторно возило „Застава 621“ со штипски...

Саркози негира дека бил финансиран од Гадафи

Поранешниот француски претседател Никола Саркози им порача на судиите што наредија полициска истрага против него, дека обвинувањата оти примал тајни финансиски средства од Либија за својата предизборна кампања во 2007 години се лажни, а од неговиот живот направиле „пекол“. - Тие обвинувања направија пекол од мојот живот од 11 март 2011 година - ја изјавил 63-годишниот Саркози. Обвинителите ги разгледуваат наводите...

„Фејсбук“ ја призна грешката, загрижен за претстојните избори во САД

Во скандалот е вмешана и британската компанија „Кембриџ аналитика“, која ги искористила податоците за да помогне во изборниот триумф на актуелниот американски претседател Доналд Трамп Основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг, изјави оти е сигурен дека некој се обидува да ги попречи ноемвриските избори за Претставничкиот дом на американскиот Конгрес. Закерберг се најде во фокусот на светската јавност по обелоденувањето на...

Дебармаалски муабети: Деведесет години од отворањето на кафеаната „Идадија“ – е тоа ти се вика традиција

Меѓу Дебар Mаало и кафеаната „Идадија“ постои тесна, вековна и нераскинлива врска. Да се пишува за „Идадија“, а да се издвои Дебар Mаало е едноставно невозможна мисија „Дебар Маала није шала“ е познатата дебармаалска изрека опеана и во песната на познатата група „Леб и сол“ за Скопје. И навистина е така, да се биде дебармаалец и да се седи во...

Фејсбук ги собира и складира личните податоци – апликациите ги злоупотребуваат

Скандалот со Фејсбук и фирмата за анализа на податоци „Кембриџ аналитика“, која работела во кампањата на американскиот претседател Трамп, отвори многу нови прашања и недоумици за тоа колку оваа социјална мрежа знае за корисниците и како ги користи нивните податоци. „Кембриџ аналитика“ искористила податоци на повеќе од 50 милиони корисници на Фејсбук - потсетник за корисниците на оваа социјална...