Кина им подготвува контраудар на САД
Она што веќе е очигледно е дека во таквата трговска војна на Америка со Кина, Трамп би останал без поддршка од своите европски сојузници, кои се огорчени од новите американски царински одредби за увоз на челик и алуминиум, заради што и самите најавија и контрамерки. А Кинезите секако се острат за одмазда
Една од главните цели на Трамп е намалување...
Нова НФ-серија од авторот на „Игра на престолите“
Додека љубителите на „Игра на престолите“ ја чекаат последната сезона од својата омилена серија, се појавија трејлери од новата научнофантастична серија, заснована врз приказна од американскиот писател Џорџ Р.Р. Мартин.
Се работи за неговата новела „Ноќни летачи“ од 1980 година, научнофантастична хорор-приказна, која самиот автор ја нарекува „Психо во вселената“.
Судејќи според реакциите на Интернет и социјалните мрежи, приказната дејствува ветувачки....
По свадба – тапани пред Венецијанската комисија
Венецијанската комисија работи на мислење на сѐ уште неусвоени закони, бидејќи целта на изработеното мислење од страна на комисијата е квалитетно да се подобри предлог-законот и да се унапреди неговата содржина пред да помине на негово конечно изгласување. Многу се ретки, речиси на ниво на исклучоци, обидите пост фестум по донесен закон да се отвора прашањето за неговото менување,...
Рене Зелвегер ќе ја глуми Џуди Гарланд во биографскиот филм
Деновиве почна снимањето на биографскиот филм за Џуди Гарланд, каде што главната улога ја толкува глумицата Рене Зелвегер. Филмот ќе ги прикажува животот и кариерата на Гарланд, која почина од предозирање на само 47 години.
Покрај Зeлвегер, во филмот имаат улоги и Џеси Бакли, Фин Витрок и Мајкл Гамбон, додека ова филмско остварување ќе биде заслуга на продуцентот Руперт Гулд.
Филмот...
Харисон Форд по петти пат Индијана Џонс
Харисон Форд повторно во главна улога во петтото продолжение на серијалот „Индијана Џонс“, кој ќе започне да се снима наредната година во Велика Британија, потврди Стивен Спилберг. Улогата на познатиот авантурист археолог повторно му припадна на Харисон Форд.
Спилберг оваа вест ја откри во говорот што го одржа на доделувањето на наградите „емпајар“ во Лондон, каде што му беше врачено...
Студен бран во Македонија, дојде Коѕијас
Симболиката со временските услови и студот како да соодветствува со студенилото, празнотијата, апсурдноста на грчките барања и уцени, кои јавноста имаше можност да ги слушне во изминатиот период
Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, според најавите вчера попладнето се очекуваше да слета на скопскиот аеродром по одлуката за неговото преименување. Интересна коинциденција, но доаѓањето на Коѕијас се поклопи...
На УБК ќе ѝ биде одземен монополот за прислушување
Со пакетот законски решенија за реформа на системот за следење на комуникациите ѝ се одзема монополската улога на УБК, а надлежностите им се распределуваат на низа институции. Најбитен елемент е тоа што се отстранува од УБК директниот пристап до комуникациите. Тоа беше и најголемата критика и од невладиниот сектор и од експертската група предводена од Прибе, поради високиот ризик...
Ринго Стaр стана витез
Тапанарот на легендарните ливерпулски бубачки „Битлси“, Ринго Стар, деновиве беше прогласен за витез во Бакингамската палата, а по церемонијата славниот музичар се пошегува со новинарите, велејќи дека отсега очекува покрај името да му ја додаваат и титулата.
Ринго Стар (77) на свеченоста се појави со својата сопруга Барбара Бах, а за витез го прогласи принцот Вилијам, кој му го врачи...
Наши уметници ќе прават фоторепортажа за „2001: одисеја во вселената“
Во Филмскиот музеј во Франкфурт е отворена ретроспективната изложба „2001: одисеја во вселената - 50 години“, во чест на култниот филм на Стенли Кјубрик од 1968 година. На отворањето на изложбата присуствуваа и режисерот Јане Алтипармаков и фотографката Наташа Гелева.
- По официјалната покана на извршниот продуцент на Стенли Кјубрик, Јан Харлан, ја имаме честа да присуствуваме на свеченото отворање...
Современи хрватски автори на изложба во Куманово
Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово е отворена изложбата на дела од 23 современи ликовни уметници од Хрватска насловена - ликовен круг „Похижек“. Изложбата се реализира во организација и соработка на домот на култура „Кочо Рацин“ од Скопје, Заедницата на Хрватите на Р. Македонија и центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
- Станува...







































