СП 2018: Федерер со твит го честиташе бодот на Швајцарците

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер им го честиташе на фудбалерите од националниот тим нерешен резултат против Бразил на Светското фудбалско првенство 2018. Швајцарија синоќа одигра 1:1 против големиот фаворит и го освои првиот бод на Мундијалот. Made it back home on time ⚡?? to watch ?? vs ?? Great effort team Switzerland, good luck Brazil for the rest of the way pic.twitter.com/PiXoXQFzNo — Roger Federer (@rogerfederer) June...

Почекајте со конфетите и со „нобел“

Тешко е да ги скротиш емоциите (и јазикот, особено оној што сака да прозбори „француски“) на само час-два по потпишувањето на „историскиот“ договор меѓу Атина и Скопје. По многу нешта овој чин ќе остане запомнет како историски, бидејќи во историјата фактите тешко се бришат, колку и интерпретаторите да спинуваат. Церемонијата се случи во типично балканско опкружување: на селска приредба,...

Нуклеарното оружје се намалува, но државите продолжуваат да го модернизираат својот арсенал

Вкупната количина на нуклеарно оружје во светот се намалува, но сите нуклеарни држави продолжуваат да ги модернизираат своите арсенали, стои во најновиот извештај за состојбата со нуклеарното оружје, кој денеска го објави Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (СИПРИ). Според податоците на Институтот, на почетокот на 2018 година девет нуклеарни држави - САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина,...

Иван Дуке победи на претседателските избори во Колумбија

Кандидатот на десницата Иван Дуке победи на претседателските избори во Колумбија, победувајќи го противникот од левицата Густаво Петро. Според резултатите од речиси сите преброени ливчиња, Дуке освоил 54 проценти од гласовите, а Петро - 41.8 проценти. Исходот од изборите е решавачки за иднината на мировниот договор со бунтовниците од ФАРК (Револуционерните вооружени сили на Колумбија), кој во 2016 година го склучи...

Детски ден на ликовната колонија „Љубанци 2018“

Околу 20  најталентирани ученици од основните училишта во општина Бутел денеска ќе учествуваат на  детскиот ликовен ден што се одржува во рамки на  ликовната колонија „Љубанци 2018“.  Како што информира општина Бутел, учениците ќе се дружат и ќе творат заедно со познатите уметници и ликовни педагози учесници на годинашната ликовна колонија „Љубанци 2018“. Се работи за ликовните уметници од Македонија и од странство: Данчо Ордев, Новица...

Собрание, претседател, референдум или ние

Тука не е крајот. На дневен ред сега е промената на Уставот (!?). Нашиот Устав?! Друга држава ни бара (уценува) да го смениме нашиот сопствен македонски устав. Агресија? Ние се соочуваме со ултиматум со наметнатото барање за промени на Уставот. Се разбира дека претседателот Иванов нема да го стави својот потпис на овој меѓународен „договор“ со Грција. А за...

Ципрас: Атмосферата беше многу добра, речиси како на свадба

Климата беше многу добра на ручекот со Заев, речиси како на свадба, бил коментарот на Алексис Ципрас, според грчките медиуми, во однос на ручекот на двајцата премиери што вчера се одржа во Отешево, веднаш по потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција. Како што јави дописничката на МИА од Атина, медиумите во Грција го пренесуваат и менито, односно што јаделе...

Tројца загинати и повеќе од 200 луѓе повредени во силен земјотрес во Јапонија

Најмалку три лица загинаа, од кои едно деветгодишно девојче, и повеќе од 200 луѓе се повредени во силен земјотрес што го потресе јапонскиот град Осака, јавија локалните медиуми. Потресот со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала бил регистриран во 23 часот во Гринич. Не е издадено предупредување за цунами, а се известува за помали материјални штети и пожари во неколку...

Почнува спроведувањето на Договорот со Грција

По вчерашното потпишување на Договорот меѓу Македонија и Грција за ставање крај на 27-годишниот спор за името, од денеска почнуваат чекорите за негова импелемнтација. Македонската Влада се очекува денеска на седница да го усвои законот за ратификација на Договорот, по што треба да биде испратен во Собранието, каде треба да биде ратификуван.  Откако ќе биде доставен до Собранието пратениците треба да гласаат...

Спречен упад во Собранието, повредени седум полицајци, приведени 25 демонстранти

Пред Собранието на Македонија изутринава е мирно по синоќешните насилни протести во кои се повредени седум полицајци. МВР информира дека се приведени 25 демонстранти и најави дека повеќе информации за вчерашните случувања пред законодавниот дом во центарот на Скопје ќе бидат соопштени во текот на денов.  - На вчерашниот јавен протест во Скопје, дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и...