Едно лице загина, а над 20 се повредени во оружен инцидент на уметнички фестивал во Трентон, главниот град на американската сојузна држава Њу Џерси, пренесуваат денеска американските медиуми.

Инцидентот се случил во раните утрински часови денеска.

Еден од напаѓачите бил убиен, а вториот бил уапсен од полицијата.

Во критична состојба се четири лица.