Заев: Реконструкција на Владата до крајот на април
До крајот на април се очекува да заврши реконструкцијата на Владата, најави денеска од Штип премиерот Зоран Заев. Прашан дали министерското место за правда ќе остане за кадар на ДУИ, Заев со одговор дека преговорите за тоа прашање се во тек.
- Разговараме веќе за одредени кадри. Јас почнав разговори веќе со политички партии и со пратеници во самиот Парламент....
Кремљ: Бришењето руски сајтови од Фејсбук „мириса“ на цензура
Бришењето на профилите на Фејсбук на повеќе руски медиуми е непријателски чин, кој „мириса“ на цензура, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Изјавата на Песков претстава реакција на соопштението на Фејсбук дека избришал стотици руски профили и сајтови поврзани со т.н. „фабрика на тролови“, која американските власти ја обвинуваат за ширење на лажни политички содржини со цел да влијаат...
Бобан Илиќ осуден на шест години, а таткото на Алмир доби шест месеци затвор
Основниот суд Куманово денеска ја објави пресудата во „случајот Алмир“ и првообвинетиот Бобан Илиќ го прогласи за виновен за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и имотот и му одреди казна затвор од шест години.
Судот за виновен го прогласи и второбвинетиот Седат Алиу, таткото на Алмир, определувајќи му казна затвор од шест месеци. По девет месеци затвор, за сторено кривично дело...
Костреж – грабливец што напаѓа од заседа
За разлика од штуката, која напаѓа во миг и ако не го фати пленот се откажува од гонење, кострежот го брка својот плен на поголеми растојанија, притоа правејќи многу маневри
Кострежот е една од најатрактивните риби за ловење, бидејќи се храни речиси во текот на целата година, па и почетниците можат да бидат успешни, а не само поискусните рибари. Помладите...
Дескоска очекува консензус за законот за високо образование
Предлог-законот за високо образование е правен за универзитетите и од универзитетите и затоа очекувам да биде донесен со консензус, им порача министерката Рената Дескоска на учесниците на денешната јавна расправа за текстот на новиот закон, организирана од собраниската Комисија за образование наука и спорт. Учествуваа ректори на јавни и приватни универзитети, декани, професори, студенти, претставници од синдикатите.
Задоволна е, рече,...
Патријарх Неофит: БПЦ може да сподели Свето миро со МПЦ
Бугарската православна црква ќе ја разгледа можноста да го сподели своето Свето миро со Македонската православна црква, ако тоа биде побарано, изјави денеска бугарскиот патријарх Неофит.
Поглаварот на БПЦ, кој во софискиот храм „Св.Александар Невски“ присуствуваше на преземањето на новоосветеното миро, рече дека БПЦ досега не го споделувала своето миро со други цркви, но ако МПЦ-ОА го побара тоа, прашањето...
Боздаг: Турција уапси 80 свои државјани во 18 земји
Турскиот заменик премиер Бекир Боздаг денеска изјави дека турската разузнавачка агенција до сега уапсила најмалку 80 турски државјани во 18 земји.
Уапсените се лица кои Турција ги гони поради наводната улога во неуспешниот пуч од 2016 година.
Боздаг не наведе во кои земји се уапсени турските државјани, но најави дека ќе продолжат таквите операции.
Во Турција уапсени се повеќе од 38.000 луѓе,...
Кумуцакос: По брифингот со Коѕијас за името, ни се зголеми загриженоста
По брифингот со Коѕијас интензивирана е нашата загриженост, вели одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, по вчерашната средба со шефот на грчката дипломатија.
- По брифингот на господинот Коѕијас со опозицијата за скопското прашање, нашите грижи се интензивираа. Нова демократија останува цврсто на потребата за едно комплетно, сеопфатно и конечно решение, кое целосно ќе одговара и...
Дефиле на олдтајмери „пежо 404“ во Скопје
Членовите на македонскиот клуб „Пежо 404“, кој е неформален и составен од неколку сопственици на ова возило, кое сведочи за нивото на култура и статусот на нашата земја во минатото, вчера од 10 до 12 часот околу пладне организираа дефиле на олдтајмери во центарот на Скопје, со кое се одбележа Светскиот ден на оваа позната автомобилска марка.
- За ентузијазмот...
Библиска Македонија
Животот на секој православен христијанин треба да претставува едно постојано општење со Господ, како што вели светиот апостол Павле: ... служете му на Господа. Бидете радосни во надежта, во маката бидете трпеливи, во молитвата постојани
Ставре Џиков
Велигденски воскресенски празници на православните христијани. Деновиве ми се наметнуваат зборовите „празноверие“ и „правоверие“, зборови за мудрување. Празноверието и правоверието се два мисловни...







































