Прилеп е подготвен за Пиво фест 2018

Прилеп од 12 до 15 јули ќе биде средиштето во земјата. Ќе се одржи годинашното издание на фесгивалот „Пиво фест“. Четири дена, велат организаторите, ќе има многу забава, а ќе се јаде и вкусна скара. Ќе настапуваат Дани, Тони зен и Џајковски во четвртокот на 12, во петокот на 13 јули се Дарио, Ван Гог, Црвена јабука и ДЏ Мосел, додека...

Македонските спортисти за подобра иднина на децата од социјален ризик

Кошаркарите Перо Антиќ и Едина Муса, ракометарите Дејан Манасков, Филип Миркуловски и Филип Кузмановски, рели-возачот Игор Стефановски-Иџе и каратистите Дејан Недев и Аљоша Недев се вклучија во проектот „Шампионите за вас“, кој има за цел да ја подобри иднината на децата што се во социјален ризик. Македонските спортисти донираа дел од своите лични предмети, дресови носени на европските првенства, златни...

Претседателот Иванов ќе го додели признанието „Инженерски прстен 2018“

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска попладне во „Вила Билјана“ во Охрид ќе го додели признанието „Инженерски прстен 2018“ на најдобрите дипломирани од инженерските дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“ се одржува по 15-ти пат, во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а под покровителство на Претседателот на Република Македонија. Како што соопшти Кабинетот...

Нов живот и откази за хит-сериите

Сериите „Квантико“, „Мик“, „Скорпии“ и „Последниот човек на Земјата“ се простуваат од гледачите, додека нови шанси добија „Модерно семејство“, „Вовед во анатомија“, „Специјализант“, „Бул“ и „Истражувачи на морето“ На повидок се промени во светот на американските ТВ-серии што и нашата публика со внимание ги следи. Големите телевизиски куќи Еј-би-си, Си-би-ес, Фокс и Си-даблју периодов одлучуваат кои серии заслужиле да бидат...

Еј-би-си ќе ја продолжи серијата „Розен“, ама без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спиноф-продолжението на прекинатата телевизиска серија „Розен“, но без главната ѕвезда Розен Бар. Серијата ќе има најмалку уште една сезона, со голем дел од актерската постава од претходните, пишува „Холивуд рипортер“. Во спиноф-приказната, централен лик ќе биде оној на Сара Гилберт - Дарлин, ќерката на главниот и насловен лик во „Розен“. Претходно, Еј-би-си ја откажа...

„Дизни“ снима филм за слончето Дамбо

Компанијата „Дизни“ продолжува со филмска адаптација на своите најубави бајки и по „Пепелашка“, „Снежана“ и по „Убавицата и ѕверот“, време е за филм за слончето Дамбо, кое го доби својот прв трејлер. Новата екранизација на Дизниевата приказна од 1941 година овој пат е во режија на Тим Бартон. Филмот го задржа името „Дамбо“, како и бајката и цртаниот филм,...

EK препорача отворање на преговори со Македонија

Европската комисија соопшти денеска дека во овогодишните извештаи за Македонија и за Албанија се препорачува почнување преговори за членство во Европската унија. - Одлуката е во рацете на Советот на ЕУ. Ние ја завршивме нашата работа, нагласи портпарол на Комисијата. Во вторник следната недела е предвидено Советот на ЕУ да го разгледа прашањето на седница во Луксембург. Се очекува тогаш министрите...

Роби Вилијамс е подготвен да се врати во „Тејк дет“

Роби Вилијамс, светски познатиот пејач, кој настапи на отворањето на актуелното Светско првенство во фудбал, неодамна изјави дека е подготвен да се врати во групата „Тејк дет“, доколку и Џејсон Оринџ се согласи на тоа. Во 2020 година популарниот бенд ќе ја одбележи 30-годишнината од постоењето, па токму затоа новинарите се интересираат дали е можно нивно реактивирање во полн состав....

Питер Фонда му се извини на Трамп за навредата на Твитер

Американскиот глумец Питер Фонда (78) му се извини на семејството Трамп поради навредлива објава на Твитер во која рече дека 12-годишниот Барон Трамп, син на Меланија и на Доналд Трамп, „треба да се стави во кафез со педофили“. Двojниoт потенцијален oскаровец, инаку брат на Џејн Фонда и син на холивудската легенда Хенри Фонда, во соопштението наведува дека тоа го...

Кевин Спејси се враќа на филмското платно

Оскаровецот Кевин Спејси се враќа на филмското платно со нова улога, во филмот „Клуб на милијардери“, и ова е негова прва улога по обвинувањата за сексуално вознемирување минатата година. Филмот е снимен пред скандалот, а во кината ќе почне да се прикажува во август. - Се надеваме дека обвинувањата што се однесуваат на поведението на еден од глумците, а кои...