Меркел: За употребата на хемиско оружје во сирискиот град Дума има убедливи докази
Достапните докази за употреба на хемиско оружје во Дамаск предградие Дума се убедливи, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес - конференција со украинскиот претседател Петро Порошенко кој е во посета на Берлин.
Според неа, доказите се „многу, многу јасни“. Таа додаде дека тие можат да се проверат уште еднаш, но изрази увереност дека „тоа нема да смени“...
Габриел: Заштитата на личните податоци е европска вредност
Заштитата на личните податоци е европска вредност за која нема преговори, изјави денеска европската комесарка за дигитализација Марија Габриел во врска со скандалот околу Фејсбук и „Кембриџ Аналитика“.
- Ги почитуваме нашите светски партнери, но во суштината на транзицијата кон новите технологии треба да бидат луѓето, рече Габриел.
Таа нагласи дека довербата треба да е основа на одговорноста и на транспарентноста...
Груевски: Одбиеното изземање на судиите доказ дека ова е политички, а не правен процес
Судскиот совет денеска постапи сосема спротивно од советот во четвртокот кога адвокатите побараа изземање на судиите, претседателите и нивните заменици на Кривичниот и Апелациониот суд, реагираше денеска поранешниот премиер Никола Груевски, кој е обвинет во повеќе предмети на СЈО.
- За иста работа во четвртокот една одлука, денеска во вторник, друга одлука. Во четвртокот се процесираше, денеска се одби. Тоа...
Одбиени барањата за изземање на Џолев и Судечкиот совет за „Тенк“
Апелацискиот суд го одби барањето на одбраната на дел од обвинетите за случајот „Тенк“ за изземање на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Тој, пак, го одби барањето за изземање на Судечкиот совет за истиот предмет.
Во однос на решението, одбраната побара да и биде даден рок жалба. Судечкиот совет одби, бидејќи во решенијата тоа не било предвидено.
Адвокатите повторно побараа...
Кирацовски: Толпата имаше цел да убие, нѐ спасија обезбедувањето и Господ
По претседателот на Собранието Талат Џафери и министерот Дамјан Манчевски, за настаните во законодавниот дом на 27 април лани, попладнево во Кривичниот суд сведочи пратеникот Александар Кирацовски, кој истакна дека по влегувањето на луѓето во Собранието настанал хаос и се слушале пцовки и погрдни зборови упатени кон нив.
- Толпата наликуваше на бесна орда која имаше за цел да убие...
Во Прилеп одбележан Денот на артилерискиот баталјон
" order_by="sortorder" order_direction="ASC" returns="included" maximum_entity_count="500"]
Со постројување на баталјонот, доделување на пригодни признанија, во присуство на генерал мајор Зоран Милески, командант на ЗОК и бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, и бројни гости, денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп беше одбележан 10 април – Денот на артилерискиот баталјон.
При тоа, бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски посочи дека да се биде во стројот на...
„Novobox Cloud“ ексклузивно преку мобилен телефон само за корисниците на Вип
„Вип“ преку партнерството со компанијата Нови Системи го воведува „Novobox Cloud“ на македонскот пазар, ексклузивно за своите корисници. Со „Novobox Cloud“ решението, корисниците добиваат можност за складирање и организирање на податоци од типот на документи, фотографии, видеа и слична содржина во “облак”.
Со „Novobox Cloud“ корисниците можат да ги синхронизираат своите видеа и фотогалерии меѓу сите паметни уреди што...
ДЗС: Трошоците за живот во март зголемени за 1,6 отсто
Трошоците на живот во март биле на исто ниво како и во февруари, а цените на мало пониски за 0,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во однос на март минатата година, трошоците на живот се зголемени за 1,6 проценти, а цените на мало за 2,9 проценти.
Иако трошоците на живот се на истото ниво како во февруари,...
Штрајк во „Ер Франс“ откажани една четвртина од летовите
Дел од летовите на француската авиокомпанија „Ер Франс“ денеска се откажани поради штрајк на пилотите и останатиот персонал.
Штрајкувачите бараат шест отсто зголемување на платите, кои долги години се замрзнати. Тоа е најголем шести штрајк на вработени во „Ер Франс“ од февруари оваа година.
Синдикатите планираат нови протести во следните недели, а ќе им се приклучат и вработени во железница поради...
МЗ: Починатите бебиња се предвремено родени, се превземаат итни мерки
Во првите три месеци од годинава на Клиниката за гинекологија биле родени вкупно 1.155 бебиња. Од нив 144 биле предвреме родени и третирани на одделот за интензивна нега, но 35 починале, соопшти денеска Министерството за здравство и најави нови мерки по завршување на анализите кои се во тек за подобрување на исходот од бременоста и здравјето на децата.
Министерството наведува...







































